Астразенека рече дека вакцината може да биде ефикасна до 90 проценти без сериозни несакани ефекти, пренесува Ројтерс.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 ноември, 2020 17:59

ВАКЦИНАТА ОД ОКСФОРД ДЕЛУВА: 20.000 волонтери учествуваа во студијата, научниците задоволни од резултатите

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Астразенека рече дека вакцината може да биде ефикасна до 90 проценти без сериозни несакани ефекти, пренесува Ројтерс.

Според агенцијата, вакцината покажала ефикасност од 90 проценти кога волонтерите прво примиле половина од пропишаната доза, а по најмалку еден месец, целата доза.

Вториот режим на дозирање покажал ефикасност од 62 проценти кога волонтерите би примиле две целосни дози, оддалечени најмалку еден месец, а комбинираната анализа покажала ефикасност од 70 проценти.

Доколку регулаторите ја одобрат оваа вакцина од Оксфорд, таа сепак ќе игра значајна улога во борбата против пандемијата во светот, и покрај нејзината помала ефикасност. Нивните дози се многу поевтини и полесни за складирање и дистрибуција од другите.

Истражувачите од Оксфорд го спроведоа вообичаениот децениски процес на развој на вакцината околу 10 месеци.

Владата на Велика Британија однапред нарачала 100 милиони дози од нивната вакцина, доволна за имунизација на 50 милиони луѓе. Тие планираат да започнат невидена кампања за имунизација, нешто што ќе биде помасовно од годишните програми за вакцинација против грип и вакцинацијата на деца.

Оваа вакцина треба најмногу да им помогне на оние што живеат во посиромашните земји затоа што е многу поевтина од другите вакцини, а и вакцините Модерн и Пфајзер претежно веќе биле резервирани само од побогатите земји.

Би-Би-Си објави дека 20.000 волонтери учествувале во истражувањето, половина во Велика Британија, а останатите во Бразил.

„Навистина сме задоволни од резултатите“, рече професорот Ендру Полард, водечки научник во студијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

На ваков начин болницата докажува дека грижата е приоритет во кое било време. Клиниката „Аџибадем Систина“ е единствена приватна болница која хоспитализира деца со здравствени проблеми од сите специјалности и во вакви услови.

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ ЗА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЦА: МОЖНОСТ СИТЕ ДЕЦА ДА ДОБИЈАТ ВРВНА ГРИЖА И ВО ПАНДЕМИСКИ УСЛОВИ

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги намали за 20 проценти во просек цените на...

Не мора да следите точна диета по хируршки зафат на дебелото црево, но промените во Вашето дебело црево предизвикани од хирургијата може да предизвикаат гасови или мекост на столицата.

ПРВИОТ СИМПТОМ НА РАК НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО: Сè започнува со ова, НЕ Е ДОБРО, не го игнорирајте ОВА

Рак на колонот или ректумот (колоректален рак) се видови рак на дебелото црево. Дебелото...