Филипче кажа дека од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози, а една одредена количина може да дојде наскоро, но не се знае кога точно.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 март, 2021 19:33

Вакцинацијата со руската вакцина во Македонија ќе почне в среда

Фото/Текст извор: ©н.македонија/магазин.мк

Вакцинацијата со руската вакцина „спутник в“ во Македонија ќе почне в среда, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Вакцините ќе пристигнат утре на скопскиот аеродром.

– Ги добивме од руската компанија сите потребни документи, и во текот на викендов, многу веројатно е дека во среда ќе почне вакцинацијата, а утре ќе пристигнат на аеродромот во Скопје во 14 часот – кажа Филипче.

Тој претходно најави дека првин ќе пристигнат 3.000 вакцини од Русија.

Филипче кажа дека од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози, а една одредена количина може да дојде наскоро, но не се знае кога точно.

Од руската вакцина се очекуваат, исто така, вкупно 200.000 дози. На прашање колку вакцини имаме договорено на хартија, Филипче рече дека станува збор за 2,2 милиони договорени дози.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.