Прва доза вакцина вчера примиле 2.969 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.099 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.474.507 дози вакцини, а ревакцинирани се 697.847 граѓани.

Објавил: Сара Фемина | 22 септември, 2021 12:23

Вакцинацијата тече непречено, вакцинирани над 12 илјади граѓани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 2.969 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.099 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.474.507 дози вакцини, а ревакцинирани се 697.847 граѓани.

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 6починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г),Радовиш(67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

395 нови случаи на ковид-19 – починале 14 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во...

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според порталот Врање њуз, прва доза вакцина во овој град е аплицирана на 13.657 македонски државјани, на 24.161 граѓанин на Врање и останати места во Србија и на девет државјани на БиХ.

Во Врање досега вакцинирани 13.657, а ревакцинирани 11.966 македонски државјани

Од почетокот на вакцинацијата, па до вчера, во Спортската сала во Врање се вакцинирани...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вчера се направени 4.962 тестирања, регистрирани се 344 нови случаи на Ковид-19, а починати се шест лица.

Има 6.967 активно заразени од Ковид-19, повеќето се од Скопје

Во текот на оваа недела забележан е намален број на починати лица од коронавирусот...