Комисијата бара вработените на работното место да приложат сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа и ќе биде на трошокот на работникот, а оние кои го прележале вирусот, ќе може да приложат сертификат за прележан Ковид, но не постар од 45 дена. Доколку работникот има ретки имунолошки болести, тогаш ќе треба да приложи потврда од лекар специјалист дека не може да прими вакцина. Дел од мерките е и задолжителната вакцинација за сите здравствени работници.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 ноември, 2021 10:33

Вакцинација или ПЦР тест на трошок на работникот

Фото/Текст извор: ©магазин

Новите мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести се очекува утре да бидат разгледани на Главниот координативен штаб, по што за нив ќе треба да расправа и Владата.

Комисијата бара вработените на работното место да приложат сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа и ќе биде на трошокот на работникот, а оние кои го прележале вирусот, ќе може да приложат сертификат за прележан Ковид, но не постар од 45 дена.

Доколку работникот има ретки имунолошки болести, тогаш ќе треба да приложи потврда од лекар специјалист дека не може да прими вакцина.

Дел од мерките е и задолжителната вакцинација за сите здравствени работници.

Синдикатите бараат ПЦР тестирањето да не падне на товар на работниците бидејќи нивните пресметки покажуваат дека се потребни минимум 20.000 денари месечно за 10 ПЦР тестирања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Во овој случај, тоа е добар знак дека вашето тело функционира добро и правилно. Најчесто, овој проблем се јавува кај луѓе кои се слабо физички активни, со прекумерна тежина, склони кон хормонални нарушувања, анемија или едноставно се уморни. Лошата циркулација често ги придружува средовечните и постарите луѓе и страсните пушачи.

ЛАДНИ РАЦЕ И СТАПАЛА МОЖЕ ДА БИДАТ ПОКАЗАТЕЛ ЗА СЕРИОЗНА БОЛЕСТ: Спречете и реагирајте на време

За време на студените денови, телото природно и ефикасно ја чува телесната температура...