Вториот дел игравме далеку подобро и со реализација во финишот, па сигурно сум пресреќен со победата против тим како Монпеље“ – истакна Писонеро по мечот.

Објавил: Сара Фемина | 14 септември, 2019 20:44

Вардар го ПРЕЗГАЗИ француски Монпелје и тргна по нов европски трофеј!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Европскиот шампион и првак Вардар, со победа ја започна новата сезона во Лигата на шампионите.

Нашиот Шампион Вардар го победи француски Монпелје со 33:31, а на полувреме резултатот беше (16:17)

„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Тоа беа два различни меча во еден. Противникот имаше навистина многу голови во првото полувреме, со наша лоша одбрана. Но, во вториот дел игравме далеку подобро и со реализација во финишот, па сигурно сум пресреќен со победата против тим како Монпеље“ – истакна Писонеро по мечот.

Разочаран беше стратегот на Французите, Патрис Канаје кој веднаш по натпреварот даде изјава.

„Честитки за Вардар. Беше неизвесен меч во кој можевме и ние да победиме, и и тоа ќе беше заслужено. Нашиот шут откажа во финишот од мечот и тоа пресуди. Загубивме и значаен играч на почетокот од натпреварот и ни спречи можност за ротација. Но видов многу позитивни нешта кај моите ракометари со оглед на тоа што игравме против европскиот шампион, и тоа ме радува за продолжението од сезоната“ – истакна тренерот на Французите.

Утре попладне (недела, 17 ч.) во салата „Боро Чурлески“ во Битола, екипата на Еурофарм Работник ќе дебитира во меч во Лигата на шампиони против Спортинг Лисабон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Ракометниот храм или како што изминатите години го нарекувавме ВУЛКАНОТ СЦ „Јане Сандански“ бесплатно ќе го даде на користење на европскиот првак, кој од први јуни и официјално ќе биде во рацете на старо-новиот газда, Михајло Михајловски, човекот кој никогаш не криеше дека Вардар е негова слабост.

Сергеј Самсоненко не го изневери Вардар- уште еднаш ја покажа љубовта кон црвено-црните!

Сергеј Самсоненко креаторот и причината за незаборавните ракометни денови во Македонија...

Вардар, освен со овие тројца ракометари, претходно го продолжи договорот со искусниот Иван Чупиќ, а во екипата пристигна и Томислав Јагуриновски, додека иднината на Глеб Калараш наскоро ќе биде решена.

ШАМПИОНИТЕ ОСТАНАА: Стоилов, Дибиров и Дисингер потпишаа нови договори со Вардар!

Во текот на денешниот ден беше објавено дека Сергеј Горбок го напушта Вардар, но веднаш...