Двојниот европски првак сериозно се подготвува за новата сезона каде повторно ќе игра на три фронта, во лигата на шампионите, во СЕХА лигата и во плејофот во домашното првенство.

Објавил: Перо Милчин | 21 јуни, 2019 16:35

ВАРДАР ДОБИ НОВИ ЗАСИЛУВАЊА: Атман- Вардар е мој нов клуб, се надевам ќе се вратам „во живот“!

Фото/Текст извор: ©гол.мк

Двајца руски репрезентативци, Сергеј Горпишин и Павел Атман во следните две сезони ќе бидат дел од шампионскиот тим на Вардар.

Европскиот првак денес ги официјализираше трансферите, па ракометарите од Русија ќе бидат најбројни следната сезона во „црвено-црниот“ дрес.

21-годишниот Сергеј Горпишин настапува на позицијата кружен напаѓач и доаѓа од бундеслигашот Ерланген, каде играше од летото 2017 година, а 32-годишниот Павел Атман игра на позицијата лев и среден бек и исто така доаѓа од бундеслигата односно од тимот на Хановер.

Двајца руски репрезентативци, Сергеј Горпишин и Павел Атман во следните две сезони ќе бидат дел од шампионскиот тим на Вардар.

Двојниот европски првак сериозно се подготвува за новата сезона каде повторно ќе игра на три фронта, во лигата на шампионите, во СЕХА лигата и во плејофот во домашното првенство. Ова се две засилувања, што им се придружуваат на летонскиот голман Артурс Кугис.

Атман беше член на Хановер, но имаше многу проблеми со повредите. Во изјава за „РусХендбол“, тој потврди дека доаѓа во Вардар и искрено се надева дека ќе биде во добра форма за актуелната сезона.

„Среќен сум затоа што по тешки моменти во мојата кариера имам шанса да дојдам во Вардар, тим кој ја освои Лигата на шампионите. Гледам напред само позитивно, разговаравме со управата, со тренерот и се надевам дека ќе се вратам „во живот“ и ќе ја имам мојата стара форма. Се надевам дека црниот период во мојата кариера ќе ааврши. Хановер очигледно не беше мој клуб, а Бундеслигата не беше моја. Се надевам дека се ќе биде во ред во Вардар“, изјави Атман.

Атман ќе биде петтиот Русин во редовите на македонскиот тим по Тимур Дибиров, Сергеј Горбок, Сергеј Гопишин и Даниил Шишкарев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.