Ракометарите на Вардар го совладаа Монпелје и го исфрлија од Лигата на Шампионите

Објавил: Сања Кукиќ | 2 март, 2019 19:43

Вардар кон нова титула во Лигата на Шампионите

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Вардар со победа од 33:27 над актуелниот европски шампион Монпелје ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите.

Вардар на третото место го заврши натпреварувањето во Групата А и најверојатно во осминафиналето ќе игра против Загреб.

Вардарци денеска одиграа одличен меч против Монпелје и запишаа уште една победа.

Монпелје влезе во новата сезона на Лигата на шампионите како европски првак, но на големо разочарување ги завршува настапите уште од групната фаза. Стратегот на францускиот тим, Патрис Канаје, по дуелот со Вардар во Скопје (33-27), изјави:

„Би сакал да му честитам на Вардар за победата. Се надевам дека оваа година ќе одат во Лигата на шампионите до самиот крај и ќе освојат титула. Мојот тим го отвори натпреварот лошо, а влијаеше и црвениот картон кој го добивме поради фаулот врз Дисингер, за кој верувам дека не беше намерно затоа што го знам мојот играч. Во мечот тешко се пронаоѓавме себеси на оваа средба. Немавме и енергија во одредени моменти за да дојдеме во можност да победиме. “, изјави Канаје.

Најефикасен во тимот на Вардар беше Криштопанс со седум голови, Карачиќ постигна шест, Чупиќ пет. Одличен на голот беше Милосављев со 13 одбрани.

Вардар се надеваше дека може да стигне и до втората позиција на табелата но Кјелце не успеа да го победи Веспрем во Полска, тој натпревар заврши со победа на унгарскиот тим од 36:35.

Во осмина-финалето Вардар ќе игра со шестопласираниот тим од Група Б, екипите на Мотор Запорожје или ППД Загреб.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вардарци успеаа во целта и го совладаат Пик Сегед со 31-23 и го трасираа патот кон третото учество на Ф4-турнирот во Келн.

Вардаровото срце не издржа – јунаците славеа и пуштија солзи на разделбата со Скопје!

Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва го покажа македонскиот непокор. Со срце...

Со резултат 31:23 вечерва Вардар ги совлада Унгарците и со оваа фантастична победа Вардар е на чекор до уште еден Ф4 турнир кој ќе се заигра во Келн, Германија.

ВАРДАР ГО ОСТАВИ СРЦЕТО НА ТЕРЕН ЗА МАКЕДОНИЈА- Сегед срушен од македонските шампиони !

Вардарци го совладаа Пик Сегед со 31-23 и зедоа учество на Ф4-турнирот во Келн. Вечерва...

Тој рече дека на исходот од овој меч не гледа како на реми, туку како на освоени три бода на двата дуели против квалитетниот противник.

Македонските ракометари во борба против Грција и Турција за Европско првенство!

Македонската машка ракометна репрезентација оди на завршниот турнир на Европското...