Спорт
Ракомет
Македонскиот машки ракометен првак Вардар скоро е во четврт-финале од Лигата на шампиони, откако вечерва славеше во Загреб со убедливи 18-27.
Криштопанс и Карачиќ реализираа по пет гoлa, Мораеш постигна четири а извонреден на гoлoт беше Милосављев со 14 одбрани.
Вардар ќе треба да се оправда пред својата публика, мечот во „Јане Сандански“ се игра на 30. март.
РК „Вардар“ е првиот неофицијален првак на Македонија, бидејќи во 1992 година, во времето на распадот на СФРЈ, во конкуренција на неколку македонски екипи, во турнирски систем го освои првото место. РК „Вардар“ е повеќекратен шампион на Македонија. РК „Вардар“ има богато учество на меѓународните ракометни натпреварувања.
На европската ракометна сцена, „Вардар“ дебитирал во сезоната 1993/1994, во натпреварите од Купот на ЕХФ. Притоа, „Вардар“ трипати играл во полуфиналето на КПК.
Во своето прво европско полуфинале во сезоната 1998/1999, „Вардар“ загубил од „Адемар Леон“ (27:29, 20:35); во второто полуфинале во КПК (2004/2005) загубил од РК „Загреб“ (23:21, 26:34), а во третиот обид (2010/2011) бил поразен од „Гумерсбах“ (21:33, 29:38).
Во рангирањето на ЕХФ, „Вардар“ двапати бил меѓу 14. најдобри екипи во Европа. Исто така, „Вардар“ е првата македонска екипа што настапувала во Лигата на шампионите, како и првиот победник во Регионалната лига „СЕХА„
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Ракомет
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.