Македонски фудбал

Објавил: Калина Мартинска | 18 август, 2024 23:31

Вардар триумфираше во вечното дерби против Пелистер

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар славеше против вечниот ривал Пелистер со 1-0 во второто коло од Првата македонска фудбалска лига.

Двете екипи имаа по неколку шанси на почетокот, а најсериозната ја имаше Михаил Талевски, но уште подобар на голот беше Филип Гачевски кој ја одбрани мрежата на Вардар.

По првото полувреме кое помина без погодоци, двете екипи тргнаа по трите бода во вториот дел, а единствениот гол беше постигнат во 86. минута кога Дианису го совлада Јовчевски.

Одлична атмосфера создадоа и навивачките групи на двете екипи, Комити и Чкембари со пиро-шоу го украсија вечното дерби меѓу ривалите.

Вардар во следното коло гостува кај Шкупи, додека Пелистер ќе се соочи со Силекс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.