За Денот на сесловенските просветители

Објавил: Калина Мартинска | 19 мај, 2024 11:41

Ватикан и Рим, прва официјална посета на Сиљановска Давкова

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета ќе ја оствари во Ватикан и Рим каде ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј.

На 23 мај, според протоколот, претседателката ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а потоа средба и со генералниот секретар за односи со државите на Ватикан.

Чествувањето на сесловенските просветители ќе се одржи на 24 мај со посета на базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и во базиликата Санта Мариа Маџоре каде венец ќе постават на плочата испишана на македонски јазик.

Во рамки на посетата на Рим, претседателката ќе се сретне и со колегата Серџо Матарела.

Се уште не е познато дали Сиљановска Давкова ќе има средба или ракување со претседателот на Бугарија, Румен Радев, чие доаѓање во Рим е исто така најавено по истиот повод.

 

Силјановска избра културна дипломатија: Претседателката присуствуваше на Софиската опера и балет во Скопје 

Претседателката Гордана Силјановска Давкова одлучи првото појавување во јавноста откако положи заклетва на 12 мај да го резервира за 52. издание на Мајските музички вечери и за гостувањето на Софиската опера и балет во Скопје.

Не мислам дека минатото ни е романтично, ни вашето ни нашето, но мораме да живееме денес и да работиме за иднината, изјави Силјановска-Давкова пред почетокот на изведбата на операта „Валкира“ од оперскиот реформатор Рихард Вагнер.

https://republika.mk/vesti/kultura/ekskluziven-nastan-vecherva-na-mob-valkira-od-vagner-so-koja-gostuva-sofiskata-opera-prvpat-ke-se-izvede-na-nasha-stsena/embed/#?secret=plcSK3YHmX#?secret=ZkNGKX5RdA

Силјановска се сретна со директорот на софиската опера и балет Пламен Карталов и посочи дека е многу запознаена со неговата работа и дека дошла да се восхитува на премиерата.

На прашањето дали нејзиното присуство е знак на пријателство, Силјановска потврди.

Да, ова е еден чекор. Верувам во културната дипломатија и верувам дека е посилна од традиционалната дипломатија. Затоа дојдов да уживам во операта вечерва. Го познавам и академик Карталов, мислам дека е исклучителен. Мислам дека Пламен ќе го запали културниот пламен овде.

Софискиот ансамбл кој гостува во Скопје доаѓа со повеќе од 130 бугарски солисти, оркестар и балет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести