Според јавниот повик кој денеска е објавен на веб-страната на Министерството за економија оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јуни, 2021 7:59

Ваучери од 12.000 денари за летување во домашните хотели – објавен јавниот повик за организиран одмор на работници со ниски приходи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за реализација на мерката- организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.

Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

Според јавниот повик кој денеска е објавен на веб-страната на Министерството за економија оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари.

Со оглед на зголемениот интерес на граѓаните и оваа година ќе продолжиме со мерката преку која на работниците со ниски примања им се овозможува користење на годишен одмор. Владата на Република Северна Македонија преку програмата на Министерството за економија, во 2017 година почна да ја спороведува оваа мерка со цел да даде поддршка на домашниот туризам, но во исто време на семејствата со ниски месечни примања да користат одмор во туристичките центри во земјата.

Јавниот повик ќе трае до 30 јуни и до овој рок сите граѓани кои ги исполнуваат условите, односно немаат приходи повисоки од 30.000 денари ќе може да се пријават и да добијат ваучер.

Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб- страната на Министерство за економија.

Оваа мерка има за цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, со поддршка на државата да го искористат правото на годишен одмор и истовремено, да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети и надвор од туристичката сезона, со што го стимулираме развојот на домашниот туризам.

Потврдата за користење на средства за организиран одмор се издава по принципот “прв дојден прв услужен“.

Потврдата за користење на средства за организиран одмор може да се користи само од работникот на кого му е издадена заедно со членовите на неговото потесно семејство кои се наведени во барањето.

Јавниот повик и конкретните документи кои треба да се достават може да ги најдете на веб-страната на Министерството за економија на следниот линк: 
https://www.economy.gov.mk/doc/2974

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Одмор

Иако ХНК нема јасни индикатори за состојбата или соодветни системи за евиденција, се проценува дека само околу 30 проценти од планираните посети биле реализирани во целиот кантон.

КАТАСТРОФАЛНА ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА ВО БИХ: Огромни загуби поради короната!

Поради вирусот корона, туризмот во Херцеговина претрпе огромни загуби. Директорот...

-За влез во Црна Гора најверојатно ќе биде потребен негативен ПЦР тест или серолошки тест ЕЛЕСА, изјави Мугоша во гостувањето на утринската програма на телевизијата „Вијести“.

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Црна Гора од утре ќе ги отвори границите за граѓаните на Македонија, Србија, Босна и...

Најголемиот дел од оние што се регистрирани во земјава на граничните премини транзитирале, односно 44,4 отсто, 36 процени престојувале во земјава, а 19,6 отсто оствариле еднодневна посета.

Странските посетители најмногу се жалат за хигиената на јавните места и патната мрежа

Патната мрежа и хигиената на јавните места добиле најниска оценка од посетителите...