Според написот откако страната била хакната продолжила да функционира под надворешна контрола што довело до недоразбирања и дезинформации.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 септември, 2019 11:01

Вашингтон Пост: Бизнисмен од Северна Македонија ја хакнал фејсбук страната „Ветераните за Трамп“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бизнисмен од Северна Македонија ја киднапирал фејсбук страната „Ветераните за Трамп“ каде поранешните американски служби го советувале претседателот на САД, Доналд Трамп, разговарале за прашања кои ги мачат ветераните и каде се споделувале  конзервативни мемиња. Страната имала повеќе од 100.000 следбеници, пишува Вашингтон пост во сторијата објавена вчера.

Според написот откако страната била хакната продолжила да функционира под надворешна контрола што довело до недоразбирања и дезинформации.

Овој пример се посочува како студија на случај во анализа за тоа како парите, политиката и дезинформациите кои се шират преку интернет играат улога во пресрет на претседателските избори во САД.

Сторија на Вашингтон Пост…

Според сторијата ветераните и активниот армиски персонал се особено вреден таргет за манипулација поради тоа што гласаат во висок процент и можат да влијаат врз другите кои се восхитуваат на лицата со стаж и служба во армијата.

„Сагата на „Ветераните за Трамп“ е студија на случај за тоа како дезинформациите и политичкиот активизам можат да се испреплетат, и како линијата меѓу домашните и странските актери може да се замагли во светот на on lineмедиумите каде налозите на социјалните мрежи можат да бидат купени, продавани, па дури и киднапирани“, пишува „Вашингтон пост“.

Преземањето на фејсбук страната на американските ветерани, според сторијата на „Вашингтон пост“, почнува со навидум наивна понуда која пристига до администраторите и сопствениците на групата, а доаѓа од лице кое се претставува како Андреј Спасовски. Спасовски им нуди да им генерира профит преку нивната страница со тоа што ќе му дозволат да постира реклами, а при тоа ветува профит од десетици илјади долари годишно. Овие трансакции требало да се одвиваат преку компанијата „Ад Брејк“ за која подоцна дознаваат дека е регистрирана во Куманово.

Извор Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Миле Јовановски и Виктор Стојчев се соседи. Јовановски е обвинет дека физички го нападнал Стојчев и тешко го повредил. Сведок на настанот бил и Боки 13, кој денес заради економичност на постапката не беше спроведен од затворот во Шутка каде што е во притвор како обвинет во „Рекет“. Но, тој ќе сведочи понатаму, пишува СДК.мк

НЕ СУМ СТАЛОНЕ ДА ГО ИСТЕПАМ ПОПОТ ЗА МИНУТА – вака дрско одговори таткото на Боки 13 по судењето за физички напад

Без воопшто да го извести судот, скопската обвинителката Имран Османи едноставно не...

Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

КАДЕ ЌЕ МУ ОДИ ДУШАТА: Со автомобил помина на црвено, удри пешак кај Соборна и избега

Сообраќајна несреќа се случила денеска на раскрсницата кај Соборен Храм. -Пред 5 мин....

Исто така една изборна единица е предлог од 12 пратеници меѓу кои има и вонпарламентарни а според нив ќе обезбеди плурализација, поголем избор за граѓаните и демократизација.

Изборите повторно без попис – Македонците повторно не избројани

Одлуката за предвремени парламентарни избори токму во април кога конечно требаше...