Таа додаде дека институциите треба да се погледнат себеси и да се запрашаат дали можеле да ја спасат Вања.

Објавил: Македонка Димкин | 17 декември, 2023 10:56

Вања ја плати цената, зашто познати насилни криминалци не биле гонети и затворени, порача Агелер

Фото/Текст извор: ©Канал 77

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во емисијата „Стадион“ на Канал 77, упати остри критики до македонските институции за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Според неа, институциите биле свесни дека осомничените биле криминалци, но не ги санкционирале.

-Дозволете да ви кажам искрено, како што претходно денес реков, системот не успеа да и помогне на таа млада девојка. Се работи за криминалци за кои се знаело дека се криминалци, дека се насилни и не се во затвор. Не биле претходно апсени и затворени. Не биле апсени и гонети за нивните претходни злосторства, не морале да ја платат таа цена, па цената ја плати една млада девојка. Вања ја плати цената – рече Агелер.

Таа додаде дека институциите треба да се погледнат себеси и да се запрашаат дали можеле да ја спасат Вања.

-Апасолутно е срцепарателно. Сега не е време за политизација, туку време за институциите да фрлат еден безмилосен поглед на себе и да се прашаат што можевме да сториме за да ја спасиме оваа млада девојка и сите други деца во земјава?

Зошто дозволуваме криминалците слободно да се движат и да вршат злодела врз кого било во државата?

Ова е трагедија – порача амбасадорката.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вели дека тој ги тепал неговите оти тој бил задолжен

Незири и во 2010 натепал и избркал од работа инструктор во М-НАВ оти не му потпишувал дека се обучил за контролор ,но тогаш синдикатот немал пристап и несмеел да зборува во медиумите

Ексминистерот за економија Беким Незири, сега вработен во М-НАВ, кој вчера заедно со...

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо пукал во Вања.

Не била задушена: Вања е убиена со истрел од оружје – еве што покажа обдукцијата

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо...

61-годишниот актер се одлучил на овој потег за да може без љубопитни очи да ужива во вечерта со неа. За вечера потрошил околу 500 фунти, а уживале во јастог и суши

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски трговец со дијаманти, а за романтична вечера со убава Русинка го изнајмил цел ресторан

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски...