Од МВР за Сител велат дека полицијата интервенирала поради загрозување на здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 јануари, 2021 20:45

Вевчани и Вевчанци беа нападнати од сопствената власт

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

И покрај апелите од надлежните, вевчанци не се откажаа од одржување на традиционалниот карневал на кој денеска се случи судир меѓу маскираните вевчанци и полицијата, а во целата ситуација реагираше и единицата за брзо распоредување.

Од МВР за Сител велат дека полицијата интервенирала поради загрозување на здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија.

 И покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата, информираат од СВР Охрид за Сител.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци.

Од полицијата апелираат до сите граѓани заеднички да придонесат за спречување на коронавирусот односно за зачувување на здравјето како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

СВР Охрид презема мерки за расчистување на настанот, се вели во соопштението од СВР Охрид.

Горан Балески, директорот на Општа болница Охрид учествувал во тепачка на улица „Сирма Војвода“

ГОРАН БАЛЕСКИ, ДИРЕКТОРОТ НА ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД, УЧЕСТВУВАЛ ВО ТЕПАЧКА НА УЛИЦА „СИРМА...

(19) и сопатник К.М.(21), кои побегнале од местото. По насока на Јавен обвинител двете лица се пронајдени, приведени и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Спасовски: Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се толерираат

Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се...

Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади.

Филипче: Најостро го осудувам нападот на лекарот, нема оправдување за насилство

Лекар кој бил дежурен на Клиниката за  токсикологија вчера попладне бил нападнат...