Деновиве на социјалната мрежа Фејсбук се појави едно видео од настапот на Влатко Миладиновски кој премиерно ја испеа “Велат нѐ нема, ама еве сме”!.

Објавил: Македонка Димкин | 28 декември, 2018 15:18

Велат не нема ама еве сме, солзи и радост кај Негушани во Егејска Македонија! (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©фејсбук / магазин

Деновиве на социјалната мрежа Фејсбук се појави едно видео од настапот на Влатко Миладиновски кој премиерно ја испеа “Велат нѐ нема, ама еве сме”!. Влатко беше очигледно многу емотивен кога и соопшти на публиката дека оваа песна е специјално пишувана за нив, за беломорците, за Македонците кои се тука но на жалост грчките власти не ги признаваат како „Македонци„.

Интерес податок е сепак дека организаторот го најави Влатко Миладиновски прво на грчки а на македонски пак му посака само „добредојде„

Сепак кога на бината излезе Влатче и ја запеа песната , се слушаа овации во позадината, а неретко беше пуштена и по некоја солза. За магазин изјава по повод овој настан даде Коста од Лерин, кој редовно е на македонските прослави во Егејот, но и  многу чест гостин во Охрид и Македонија.

Коста меѓу другото вели  дека се буди свеста кај Македонците, но да не се надеваме премногу , многу голем дел од овие што играат овде мислат дека е тоа од старина, и дека така треба да биде, за нив е тоа атракција а не борба за македонизмот. Грчките власти знаат дека завршија голема работа и дека „асимилираните беломорци„ тешко ќе станат против својата држава „Грција„ па затоа и забавите се одвиваат беспрекорно, напротив тоа е и добро за грчките власти да докажат дека всушност токму ние сме правите Македонци.

Но, којзнае, воздивнува Коста, можеби сепак свеста е многу подлабока од колку што мислат Грците.

Младите македонски „грци„ не го зборуваат воопшто македонскиот јазик, и воопшто не се оптеретуваат со минатото, важно им е да има добра забава и добар живот.

 

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.