Честит Велигден. Христос воскресна. Навистина воскресна!

Објавил: Сара Фемина | 19 април, 2020 10:58

Велигденска честитка од Чулев: Денешниот ден празнувајте го во кругот на семејството и останете дома!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев до припадници на Министерството за внатрешни работи и до сите граѓани упати видео-порака по повод најголемиот христијански празник Велигден.

На сите граѓани од христијанска вероисповед им го честитам големиот празник на Христовото воскресение, со една единствена желба: сите ние независно на верската или друга определба да бидеме мудри и разумни, сочувствителни и кооперативни, истрајувајќи и победувајќи го премрежието со кое што човештвото се соочува денес.

Покрај сите други успеси и вечната потрага по совршенство, подеми и падови, на крајот на денот се се сведува на првата и последна, една и единствена вредност, која човекот може да ја постигне, а тоа е да има љубов, блискост, да има семејство.

Во оваа прилика уште еднаш упатувам порака, денешниот ден празнувајте го во кругот на семејството и останете дома.
Честит Велигден. Христос воскресна. Навистина воскресна, напиша министерот Чулев.

На големиот христијански празник Велигден министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, ги посети колегите кои се на своите работни места, распоредени на полициските пунктови во неколку скопски населби.

Денес, на големиот христијански празник Велигден, ги посетив колегите кои се на своите работни места, распоредени на полициските пунктови во неколку скопски населби. На полициските службеници од православна вериосповед со поздравот Христос воскресна!
Навистина воскресна!
ѝм го честитав големиот христијански празник Велигден, а на сите останати ѝм посакав да имаат мирна работна вечер.
Тие ме информираа дека изминататата вечер на улиците на главниот град било мирно и без посериозно прекршувања на Законот, а граѓаните на Скопје ги почитуваат мерките за ограничување на движењето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав“, напиша Пауновски на фејсбук.

Пауновски: Благодарност до сите вработени, ви посакувам подобар директор

Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени...

И не Игоре немаше да заврши тоа така како што ти мислиш и таквите ко тебе.
Туку кажете им Фала на истите тие кои ги сотревте од ќотек, нивната прибранист присебноста и здравиот разум ја смири состојбата нит полицијата на Чавков нит некој трет од страна Иггоре..

Ерол Ерко: Добро Игоре, а како им беше на децата на Зијадин и Зоран?

По вчерашната емотивна објава на оперскиот пејач Игор Дурловски, кој за време на протестот...

Даваме поддршка и бараме ослободување на уставобранителите, тие не се и не можат да бидат терористи. Тие се чесни граѓани на оваа земја.

Мицкоски од протестот: Не смееме да премолчиме неправда

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е денеска присутен на протестот за поддршка...