
Свет
Вести
Тринаесет мажи, на возраст меѓу 24 и 59 години, се осомничени за припадност на британски огранок на меѓународната криминална група. НЦА прецизира дека за таа цел тие користеле фиктивни холандски и британски компании.
Лицата од Холандија прошверцувале над 50 тони хероин, кокаин и марихуана, вредни повеќе милијарди фунти.
Обемот на криумчарење бил утврден откако во септември 2018 година биле пресретнати три карго од 351 килограм кокаин, 92 кг хероин, 250 кг марихуана и 1.850 кг хашиш, со вкупна вредност од 38 милиони фунти (42,3 милиони евра) во препродажба. Во рамки на истрага, во април во Холандија беа уапсени четворица мажи и две жени, кои ќе бидат екстрадирани на Велика Британија.
Африка моментално станува најнов центар за испорака на кокаин во Европа.
Административниот шеф на американската Агенцијата за борба против трговијата со дрога (ДЕА), Карен Тенди изјави дека Африка би можела да стане најнова светска ноќна мора, затоа што колумбиските нарко шефови тој континент планираат да го претворат во центар за испорака на кокаин во Европа“.
Според неа, американските служби за борба против трговијата со дрога, стануваат се позагрижени поради улогата што Африка би можела да ја има и како транзитна област за дрогата наменета за европскиот пазар и од југозападна Азија, особено од Авганистан.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.