Дополнително, во голема акција, целосно се отстранети несоодветно поставените билборди и реклами од велосипедските патеки во Малиот ринг, со што се стимулира користењето на велосипедот.

Објавил: Сара Фемина | 10 април, 2021 13:58

ВЕЛО Е КОГА ИМА СÈ – ГРАДОТ СКОПЈЕ СО КАМПАЊА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На повеќе локации во Скопје деновиве се поставени билборди кои ги поттикнуваат граѓаните да го изберат велосипедот како најздраво, најбрзо и најпаметно превозно средство во градска средина. 

Градот Скопје во континуитет работи на подобрување на велосипедската инфраструктура во Скопје, а годишно се градат над 15 километри нови или се реконструираат постојни велосипедски патеки. Како резултат на посветената работа, годинава ја надминавме должината од вкупно 100 километри велосипедски патеки во Скопје.

Особено внимание се посветува и на ослободување на просторот на пешачките и на велосипедските патеки, преку поставување заштитни столпчиња.

Дополнително, во голема акција, целосно се отстранети несоодветно поставените билборди и реклами од велосипедските патеки во Малиот ринг, со што се стимулира користењето на велосипедот.

Како една од мерките за стимулирање на користењето велосипед е доделувањето субвенции за граѓаните за купување велосипеди, што ќе се реализира и оваа година, а јавниот повик треба да се распише во наредниот период. И годинава граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед од почетокот на годината, поточно од 01.01.2021 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, а јавниот повик ќе се спроведува по принципот „прв дојден – прв услужен“.

🚲Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за оваа намена се предвидени 8,5 милиони денари, со што и годинава ќе се доделат субвенции за околу 2.800 велосипеди. Во 2018, 2019 и во 2020 година, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купија велосипед. 

Како една од активностите предвидени со Планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019 – 2021, Градот Скопје спроведува кампања за промоција на велосипедскиот сообраќај, преку која ги потсетуваме граѓаните за придобивките од користењето на велосипедот како превозно и рекреативно средство. Кампањата се реализира под мотото „Вело е кога има сѐ – најздраво, најбрзо и најпаметно“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

На средбата, која се совпадна и со пристигнувањето на првите количини од 4.850 дози од одобрените вкупно 119.213 вакцини „Фајзер“, премиерот Заев изрази благодарност за помошта во времињата на решавање на предизвиците што ги наметна пандемијата и го оцени овој гест како голема порака за европската солидарност.

Заев на средбата со Вархеји: Европеизацијата е нашата агенда на патот кон ЕУ, а поддршката со вакцини е голем гест на европската солидарност

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера го прими еврокомесарот...

Оваа година работникот и неговиот трудот како никогаш до сега е девалвиран и потценет. Оваа година е најцрната економска година за Македонија.

МИЦКОСКИ: ТРУДОТ И РАБОТНИКОТ НЕ БИЛЕ НИКОГАШ ТОЛКУ ПОГАЗЕНИ КАКО СЕГА

„Дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија...

Оваа хуманитарна акција се организира како замена за традиционалната Ифтарска вечера, која и оваа година мора да биде изоставена поради пандемијата со корона вирусот.

Охрид денеска донираше 100 хуманитарни пакети на Исламската верска заедница за социјални семејства

Во духот на меѓусебното почитување, соживотот и заедничкото одбележување на верските...