Гласајте за бројот 5, СНС - Словенска национална странка Велат не нема- ама еве сме! Со почит, Андреј Дочински

Објавил: Македонка Димкин | 13 мај, 2019 15:08

Велат не нема ама еве сме, Андреј Дочински, Словенец со македонско потекло во ЕУ парламент

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Јас Андреј Дочински, сум Словенец со македонско потекло. Роден сум во Љубљана- Словенија и сум државјанин на Европска унија. Дипломирав на факултетот за безбедност и науки на Универзитетот во марибор, моментално сум вработен во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана – најголемата државна болница во Словенија и ја обавувам функцијата Претседател на Синдикатпт за здравство во Словенија.

Сигурно веќе знаете зошто се претставувам. Ме понесе состојбата во која се наоѓа Република Македонија како и бројните секојдневни предизвици со кои се соочува, чувствувам, силна потреба од континуирани активности со цел вокализирање на македонското прашање.

Андреј Дочински: Во Европската Унија мора да има место да се слушне и да се уважува и гласот на „малите“ народи, како што се Словенците и Македонците, под исти услови како што важат и за другите. Предизвикот е голем, укажаната шанса е уникатна и цврсто сум убеден дека мора да ја искористиме. Со таа цел, би сакал да ја побарам вашата поддршка, доколку се поисоветувате со моите ставови погоре кои се изнесени.

Многумина од вас кои веќе ме познаваат и моите минати активности поврзани со макдонската кауза (бев мнеѓу организаторите на двата протестиво поддршка на името на Република Македонија во 2018 година во Љубљана и Крањ) како и другите заедници во Словенија, можат да сведочат за мојата посветеност кон бранење на човековите права. Претпочитам сплотено делување, наспроти поделби, затоа што само така сметам дека се постигнува успех.

Би сакал да ви соопштам дека ја прифатив поканата да бидам кандидат на листата на партијата на СНС (Словенската национална странка – единствена партија во Словенија која не го признава Преспанскиот договор и негирањето на Македонската нација од страна на Грчката во истиот) за престојните избори во Европскиот парламент, ја прифатив поканата бидејќи цврсто сум убеден дека сега е време на сплотеност, а не на поделби, сега е време на активно делување, а не пасивност. Го прифатив предизвикот и пред се , си ветив сам на себе дека ќе продолжам да делувам како и до сега: на прво место за Словенија и моите сограѓани Словенци, но како и за сите мои сограѓани Македонци, Срби, Бошњацу, Црногорци…

Во Европската Унија мора да има место да се слушне и да се уважува и гласот на „малите“ народи, како што се Словенците и Македонците, под исти услови како што важат и за другите. Предизвикот е голем, укажаната шанса е уникатна и цврсто сум убеден дека мора да ја искористиме. Со таа цел, би сакал да ја побарам вашата поддршка, доколку се поисоветувате со моите ставови погоре кои се изнесени.

Барам поддршка од сите Вас кои цврсто верувате дека Евроспките темели на демократијата мора да се изградат врз пработо на самоопределување на народите и со безусловна почит на тој начин, заедно ќе ја изградиме демократска Европа која се базира врз основа на правдата. Ве поканувам сите што имате право на глас во Република Словенија:

Гласајте за бројот 5, СНС – Словенска национална странка Велат не нема- ама еве сме! Со почит, Андреј Дочински

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Кулеба навел дека е на „топ политичко ниво“ Киев е лишен од можна соработка со Северноалтанската алијанса, бидејќи соработката со НАТО ја блокира Унгарија.

КИЕВ ВО ШОК: Унгарија не и дозволува на Украина да дојде на самитот на НАТО

Поради несоласувањто со Унгарија, Киев не доби покана на самиотот на НАТО во Лондон,...

Пејчиновиќ-Буриќ е втора жена што ќе ја извршува оваа највисока функција на Советот на Европа.

Шефицата на хрватската дипломатија Марија Пејчиновиќ-Буриќ, избрана на чело на Советот на Европа!

Како што јави дописникот на МИА од Стразбург, Хрватската министерка за надворешни...

Како што најави заменик-командантот на единицата за противвоздушна одбрана Владимир Сергињко, ракетата ја погоди целта. Иако името на ракетата не е специфицирано, експертите веруваат дека тоа е ракета PRS-1M, која претходно била тестирана на полигонот.

Русија лансираше ракета за судниот ден: Нејзното име е тајна, а главната цел е одбрана на Москва од американските ракети

Руската телевизија го прикажа лансирањето на “новата руска ракета за пресретнувачи”...