За финалето што ќе се одигра на „Вембли“ на 12 јулидо сега се испратени 714.000 барања за билети, а тоа е скоро осум пати повеќе од капацитетот на стадионот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 февруари, 2020 17:02

ВЕМБЛИ Е МНОГУ МАЛ! Рекордни 28,3 милиони барања за влезници за Европското првенство 2020!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Европскиот фудбалски сојуз (УЕФА) соопшти дека до сега добил околу  28,3 милиони барања за билети за овогодинешното Европско првенство.

За финалето што ќе се одигра на „Вембли“ на 12 јули до сега се испратени 714.000 барања за билети, а тоа е скоро осум пати повеќе од капацитетот на стадионот.

Само четири илјади помалку барања беа примени за натпреварот меѓу Франција и Германија, кој ќе се одигра во Минхен на 16 јуни.

Според критериумите на УЕФА, Вембли се вбројува во најмодерните фудбалски стадиони кој е категоризиран со 5 ѕвезди. Со капацитет од 90. 000 места за седење тој е втор по големина стадион во светот . Во 2011 година на овој стадион се играше големото финале меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед .

Европското првенство ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули во 12 држави, при што УЕФА извести дека 64 проценти од пријавите за билети се од земјите-домаќини.

Вембли е кварт во северозападен Лондон. Овој кварт е познат по истоимениот стадион којшто е најголем во Обединетото Кралство, како и по познатата Вембли Арена.

Овој кварт не е многу атрактивен за живеење и во него има многу иселеници од Африка, Јужна Америка, Карибите, Азија, Источна Европа како и од Јужна Европа. Населението коешто живее во него е посиромашно и во овој дел на Лондон многу се чести кражбите, а развиен е и останатиот уличен криминал. Во овој кварт засилена е полициската контрола, а единствена светла точка во него се Стадионот Вембли и Вембли Арената.

Според критериумите на УЕФА, Вембли се вбројува во најмодерните фудбалски стадиони кој е категоризиран со 5 ѕвезди. Со капацитет од 90. 000 места за седење тој е втор по големина стадион во светот . Во 2011 година на овој стадион се играше големото финале меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед .

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Администрацијата на Тотенхем, чиј стадион е еден од најмодерните во светот, разговараше со официјалните лица за употребата на стадионот.

ПОТЕГ ЗА ПРИМЕР: Тотенхем го понуди својот стадион на здравствените работници за борба против Коронавирусот!

Фудбалскиот клуб Тотенхем го понуди својот стадион на здравствените власти да помогнат...

Имено Роналдово моментот е во карантитн во Мадеира, откако во јавноста излезе веста дека негов соиграч е заболен од Коронавирус.

СЕКОЈА ЧЕСТ: РОНАЛДО СВОИТЕ ХОТЕЛИ ГИ ПРЕТВОРА ВО ПРИВРЕМЕНИ БОЛНИЦИ ВО БОРБА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ!

Кристијано Роналдо кој е познат по својата хуманост и овој пат ја покажа на дело. Имено...

Станува збор за играчите на тимот Патрик Кутроне и Херман Пецела, како и тимскиот физиотерапевт Стефано Даинели.Со овабројот назаразени со Ковид 19 од редовите на Фиорентина порасна на четири.

БРОЈКАТА НА ЗАРАЗЕНИ ФУДБАЛЕРИ ПОСТОЈАНО РАСТЕ: Уште двајца од редовите на Фиорентина позитивни на коронавирус

Денеска преку соопштение екипата на Фиорентина потврди дека двајца фудбалери од тимот...