И ова високо советодавно тело на Советот на Европа смета дека бојкотот е граѓанско право на определба против

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 август, 2018 7:49

Венецијанска комисија: “И бојкотот е легитимно право!”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бојкотирање на референдумот е демократско право на секој граѓанин според Венецијанската Комисија. Според нив немањето цензус на референдум е еднакво на гласање “Против” истиот. Додека во македонската јавност се пласира дека процесот околу уставните измени ќе продолжи во Собранието ако има бојкот на претстојниот референдум .

Во Кодексот на Комисијата при Советот на Европа од 2007-ма година стои поинаку имено Членот 51 конкретно објаснува што значи терминот неуспешен референдум и како се толкуваат неговите резултати.

Венецијанската комисија или по службен назив Европска комисија за демократија низ правото е советодавно тело на Советот на Европа. Таа е меѓународна асоцијација која ја сочинуваат вкупно 47 европски и соседни земји. Советодавното тело се занимава со уставни прашања – изборни прашања и општо делување на демокатизацијата во државните органи и установи.

“Цензус за излезност значи дека во најдобар интерес на оние кои се против предлогот е да апстинираат т.е. бојкотираат наместо да гласаат против. На пример ако 48% од гласачкото тело е ЗА предлогот а 5% е ПРОТИВ него и остатокот од 47% од електоратот планира воопшто да НЕ ГЛАСА тогаш петте проценти на противниците на предлогот треба само на денот на референдумот да не се појават на гласачкото место за да го наметнат своето гледиште над оние кои се “за”.” – пишува во Кодексот на Венецијанската Комисија.

Пред 14 години во кампањата на СДСМ “Некои прашања не заслужуваат одговор” се повикуваше на масовен бојкот на референдумот за територијалната поделба. Зошто сега бојкотот не е опција?

“Во Македонија и надвор од неа постојат структури коишто не сакаат оваа држава да стане пристојно место за живеење кои што не сакаат Македонија финално да се стабилизира и коишто не сакаат Македонија да успее во своите стратешки приоритети членка на НАТО и ЕУ.” – вели министерката за одбрана Шекеринска.

Битката за бојкот или излезност засега најмногу се води на социјалните мрежи. Стотици пораки со критики кон македонската Влада и повици за бојкот на претстојниот референдум биле избришани од социјалната мрежа Фејсбук обвинуваат активисти на движењето #Бојкотирам.

Нивните сомнежи упатуваат на веќе познатиот метод на координирана акција кои по налог на луѓе ја пријавуваат содржината на постовите со кои се повикува на бојкот како говор на омраза по што Фејсбук ги брише постовите. Иако земјите од ЕУ кон која стремиме во добар дел имаат процес на заштита од ваквиот “напад” врз социјалните мрежи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...