Метеоролозите предвидуваат уште повеќе дожд, посебно на североистокот на земјата, каде се наоѓа Венеција, Сицилија и другите Јужни региони.

Објавил: Сара Фемина | 12 ноември, 2019 20:41

ВЕНЕЦИЈА ПОД ВОДА: Поплавени кафани, продавници, затворени градинки, но дождот не мисли никако да запре!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Туристите и жители на Венеција во чизми се пробиваат низ водата која го преплави поголемиот дел од градот лагуна.

Водата ги преплави кафаните и продавниците, а поради лошата временска прогноза затворени се и градинките, пренесува АП.

Во многу хотели се наоѓаат и пластични чизми за еднократна употреба. АП наведува дека туристите во хотелите носат чизми над колена.

Метеоролозите предвидуваат уште повеќе дожд, посебно на североистокот на земјата, каде се наоѓа Венеција, Сицилија и другите Јужни региони.

Водата ги преплави кафаните и продавниците, а поради лошата временска прогноза затворени се и градинките, пренесува АП. foto: EPA / Andrea Merola

 

Исто така денеска Хрватска беше погодена од бура, која создаваше големи проблеми во сообраќајот, посебно на приморјето каде дува многу силен ветер.
На Јадранската магистрала можни се одрони, па возачите се предупредуваат да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.

Пожарникарските служби се на терен, каде интервенираат поради паднати стебла на сообраќајници во Дубровник и околината на градот. Во текот на днеот во Дубровник брзината на ветрот достигна и 143 километри во час.

Слично невреме го погоди и Сплит, каде ветрот корне дрвја и поместува контејнери. Од бурата падна и фасадата на едно сплитско училиште, пренесува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како на пример, Путин навел неодамна во резулуцијата на Европскиот парламент, која како што ја оцени, ставена е на исто ниво на нацистичките агресори и Советскиот сојуз, пренесуваат Итар Тас.

ПУТИН ВЕЛИ ДЕКА МЕЃУНАРОДНИТЕ ИСНТИТУЦИИ ФАЛСИФИКУВААТ ИСТОРИЈА: ЕП ги стави на исто ниво нацистите и СССР

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил вчера дека обидите за искривување на историската...

Тој додаде дека Италија инсистира да има позитивна одлука за почеток на преговорите за двете земји. – Италија инсистира на потребата за позитивна одлука за двете земји и закажување датум за повикување на првата меѓувладина конференција, исто така и да се додели мандат на Комисијата да ја подготви рамката за преговори.

Мајо: Италија ги поддржува Албанија и Македонија на европскиот пат

Италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Луиџи ди Мајо...

Имено Вучиќ упати порака до македонската Влада и рече дека треба да си ја гледа својата работа. Тој упати порака и до Србите во Македонија.

Вучиќ: Со бојкотот на нобеловецот Хандке, македонската влада покажа на Србите за кого да гласаат

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, на социјалните мрежи го коментираше бојкотот...

Тие кои што останаа во државните болници мораат на вечер да возат такси да преживеат, вели Алексеј.

РУСКИТЕ ХИРУРЗИ ОПЕРИРААТ ДУРИ 12 ЧАСА, а навечер возат такси да преживеат: Нема да верувате колку им изнесува просечната плата!

Дванаесет часа руските лекари оперираат луѓе, а доцна во ноќта возат такси да ги прехранат...