Венко Филипче вели дека овој период не променил многу кај него, освен тоа што постојано беше на работното место, и еден период помина во самоизолација, по контакт со градоначалникот на Куманово, за кој подоцна се испостави дека е позитивен на коронавирус.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 мај, 2020 10:35

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ КОНЕЧНО ОДГОВОРИ: Би бил ли министер доколку знаеше дека ќе се случи оваа панемија?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во гостувањето во емисијата Еден на Еден, која беше посветена на сите оние кои беа во првите линии на одбрана, односно здравствените работници, министерот за здравство Венко Филипче вели дека овие два месеци буквално се промени животот на луѓето и нивните планови. 

Венко Филипче вели дека ентузијазмот здравствените лица го добиваат кога ќе спасат човечки живот…

Венко Филипче вели дека овој период не променил многу кај него, освен тоа што постојано беше на работното место, и еден период помина во самоизолација, по контакт со градоначалникот на Куманово, за кој подоцна се испостави дека е позитивен на коронавирус.

Министерот напоменува дека интересен феномен во ваква криза е тоа што луѓето се зближија. 

За себе открива дека е ранобудник, и дека ужива во утринскиот мир. 

На прашањето дали кога би знаел што го очекува, дали би прифатил да биде на министерската позиција, Венко вели дека би прифатил.

– Лани имаше епидемија на морбили. Тогаш имавме други оружја, ја имавме вакцината и се справивме со една епидемија. Ова мислам дека добро го изменаџиравме и мислам дека да, апсолутно, покрај се ДА. Да беше моја струка ќе бев и со пациентите, тоа сигурно.

Филипче во разговорот открива и дека откако е на функцијата министер за здравство, намален е бројот на операции, порано тоа го правел почесто, но дека и сега се случува по еднаш до два пати во месецот да оперира.

– Таму сум на домашен терен, таму поминав половина од животот. Овој систем што е воспоставен и овој успешен систем е нешто што охрабрува и што покажува дека имаме доктори кои се спремни во прва линија за здравјето на граѓаните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Живеалиштето претставува мала лагуна со многу зеленило, езерце за фламингата, како и посебен дел за хранење на птиците.

ОТВОРЕНО НОВОТО ЖИВЕАЛИШТЕ ЗА ЕГЗОТИЧНИ ФЛАМИНГА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

Зоолошката градина во Скопје за првпат е збогатена со егзотични птици од видот фламинго,...

Се верува дека историскиот, социјалниот и политичкиот подем на Русија на светската сцена дојде со нејзиното  пристигнување во Русија и затоа оваа држава има водечка улога во православниот свет.

ОВАА ИКОНА НА МАЈКА БОГОРОДИЦА ТРИ ПАТИ ЈА СПАСИЛА РУСИЈА: Таа е заштитник на Русите!!

Иконата на Богородица Владимирска е една од најпочитуваните и светите икони на Православната...

Имено старлетата беше на тапет и во српските медиуми, поради непочитувањето на мерката за домашно лекување и самоизолација, а наместо тоа таа се шетала во ноќните клубови и при тоа позирајќи за време на нејзината прва посета на Белград по пандемијата.

Уапсена старлетата Александра Накова- не го дочекала вториот негативен тест на Ковид-19 и се шетала

Македонската старлета, Александра Накова била уапсена вчера во Гевгелија.Триесет...