Тој истакна дека може да се очекува полошо сценарио наесен само доколку не се почитуваат мерките и има поголема концентрација на луѓе во затворени простории и дополнителен број на заболени од сезонски грип, што може да доведе до пренатрупување на болниците со пациенти.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 август, 2020 10:03

Венко Филипче одговори зошто на есен се очекува полошо сценарио на Ковид-19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На вчерашната прес- конференција,министерот за здравство Венко Филипче рече дека се подготвени за евентуалното сценарио кое епидемиолозите го најавуваат на есен.

Тој истакна дека може да се очекува полошо сценарио наесен само доколку не се почитуваат мерките и има поголема концентрација на луѓе во затворени простории и дополнителен број на заболени од сезонски грип, што може да доведе до пренатрупување на болниците со пациенти.

„Во континуитет гледајќи ги неделните анализи бројот на новозаразени се намалува. А тоа се должи на сериозното зголемување на направените тестови,а со тоа и откривањето на асимптоматските пациенти кои се многу битни за спречување на понатамошното ширење на вирусот. Увидот на епидемиолошките прашалници ни укажува дека точно знаеме секој пациент од каде е заразен, се прави анализа, се бараат контактите. Благодарение на стратегијата на широко тестирање и стратегијата на тестирањето на контактите коишто немаат симптоми, а епидемиологот ќе утврди дека се од висок ризик – ние успеваме да откриеме голем процент – близу 30, на пациенти кои се асимптоматски. На овој начин се спречува понатамошната трансмисија на вирусот кај човекот кој не е свесен дека е носител на вирусот, поради тоа што нема никакви симптоми“, потенцираше министерот Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За реализација на овој план, однонсно создавање нов град со околу 10.000 жители била задолжена Агенцијата за просторно планирање.

Никола Груевски имал план за создавање нов град: Еве каде требало тој да се наоѓа

По 10 години владеење, ВМРО-ДПМНЕ, веќе 4 години не е на власт. Во периодот на нивното...

Филипче за сите оние кои незнаат како оди тестирањето, објасни дека најпрво доколку се појават било акви симптоми треба да се консултира матичниот лекар.

Филипче најави набавка на брзи тестови кои за 15 минути детектираат ковид-19

Во вчерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ министерот за здравство доц. д-р Венко...

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција.

Позната здравствената состојба на војниците кои утринава беа повредени во сообраќајна незгода!

Во врска со сообраќајната незгода која се случи утринава во која странично се преврте...

Во гостувањето премиерот рече дека од големо значење е пријателскиот договор склучен со Бугарија и нагласи дека од неговиот бугарски колега, премиерот Бојко Борисов нема никаква закана ниту коментар кон Македонија.

Заев: Ако го присвојуваме Гоце Делчев, нема да го решиме проблемот со Бугарија!

Во вчерашното гостување во емисијата „Само интервју“, премиерот Зоран Заев рече дека...