Претходно тој соопшти дека закажувањето на земање брисеви од вчера се врши и преку матичните лекари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 март, 2020 22:09

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Одобрена првата терапија за пациентите заболени од коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Одобрена е првата терапија за пациентите заболени од коронавирусот. Се работи за комбинација којашто јa содржи лекот хлорокин и азитромицин. Од утре ќе биде аплицирана на пациентите коишто се лекуваат кај нас и во болнички и во домашни услови, после соодветна индикација од лекарот,објави предмалку министерот за здравство Венко Филипче.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица.

Претходно тој соопшти дека закажувањето на земање брисеви од вчера се врши и преку матичните лекари.

Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите граѓаните не смеат да одат во ординација, туку исклучиво да се јават по телефон кај својот матичен лекар.

„Сите овие мерки што ги спроведуваме се со цел да се забави ширењето на епидемијата. Ако тоа го развлечеме на подолг временски период здравствениот систем ќе може да ги апсорбира тие пациенти и смртноста ќе биде помала.Ние како луѓе сме социјални битија, сакаме да се дружиме, меѓутоа сега е период кога треба да издржиме“, апелира д-р Владимир Микиќ- епидемиолог на Институт за јавно здравје.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Во Охрид и околината, пациентите можат да се обратат во Службата за ИМП, а по потреба пациентите се упатуваат во Општа болница Охрид!

Филипче: Вака ќе работат итните служби за претстојниот викенд

За време на претстојниот празничен викенд, сите граѓани кои ќе имаат потреба од здравствена...

Во просек, месечно, се реализирани 10 илјади прегледи. По прогласената епидемија на Ковид-19 во Република Македонија, оваа установа беше определена како болница во која се вршат хируршки третмани на пациенти кои не се инфицирани со коронавирус.

На Клиниката „Св. Наум Охридски” од март до јули извешени 50 илјади прегледи и повеќе од 850 операции

Од Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски” информираат...

Ова е втора кадаверична трансплантација и четврта од жив донор годинава. На 23 мај од починат донор се трансплантираа срце и бубрези. Во период кога здравствениот систем се соочува со ковид-19, Програмата за транплантација продолжува да се реализира!

Филипче: Направена нова кадаверична трансплантација, двајца пациенти добија бубрег од починат донор

Утрово на Клиниката за Урологија беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент...