Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде кормилото во СДСМ.
Денешните избори на кои победи Филипче следуваа по катастрофалниот пораз на СДСМ на парламентарните избори во мај, на кој освои само 18 пратеници и по седум години на власт замина во опозиција. Пратеничко столче доби и Венко Филипче.
Филипче е неврохирург кој во политиката сериозно загази во 2017 година, кога му беше доверен ресорот Здравство. Тој е пред сериозен предизвик како да ја врати СДСМ на партиските шини и да ја направи силна опозиција, а во кампањата се осврна на обединувањето како предуслов за успешно закрепнување на СДСМ и спречување на натамошни поделби.
Прес конференција на Централната изборна комисија
По завршување на гласањето на вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ Централната изборна комисија со задоволство контатира дека имаме кредибилен и демократски процес за избор на претседател на СДСМ.
Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера.
Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, до 19.45 часот излезени се 12.608 членови или 54%.
Сите 77 избирачки места беа отворени и општинските изборни комисии го спроведоа согласно Правилниците донесени од ЦО и одредбите од Статутот на партијата.
Во општинската Студеничани е констатирано предвреме затворање на избирачкото место поради што Централната комисија одлучи да го поништи гласањето.
Вкупно акредитрани во оваа општина се 66 гласачи а во моментот на затворањето на ова гласачко место гласале 51 гласач.
Констатиран е прекин на гласањето во општина Гевгелија од 10 минути поради скршена избирачка кутија. Извршена е замена на кутија и гласањето е продолжено.
Прифатени се приговори во 6 општински организации, на 7 членови да им се овозможи гласање. Затоа што по проверка во системот се констатираше дека овие членови се акредитирале и се регистрирале во системот за активна регистрација.
Вкупно 44 членови од 9 различни општини доставија пријави до Централната изборна комисија да им биде овозможено да може да гласаат. Овие приговори се одбиени поради тоа што по проверка во системот се контстатираше дека не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација.
Сите овие примери коишто ги наведов се незначителни и немаат речиси никакво влијание на целиот процес, но во име на транспратеноста и информираноста на членовите и на јавноста ги соопштуваме.
Упатуваме благодарност во име на Централната изборна комисија за сите коишто беа дел од овој успешен и демократски процес на внатрепартиски избори.
По завршување на обработката на податоците Централната изборна комисија ќе ги соопшти и конечните резултати.
Поништено гласање во Студеничани, скршена кутија во Гевгелија
Избирачко место во Студеничани било предвреме затворено и таму гласањето е поништено. Во Гевгелија била скршена кутијата и имало 10 минутен застој во гласањето.
Приговори стигнале од 15 општински изборни организации, во шест од нив се прифатени, а во останатите девет се одбиени,
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.