Тој додаде дека пунктот за вакцинација на факултетот „Кирил и Методиј„ е отворен за младите помасовно да се вакцинираат бидејќи тие често се изложени на ризични контакти

Објавил: Сара Фемина | 18 септември, 2021 21:04

Веројатно третата доза ќе биде потребна за сите граѓани, вели Филипче

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред да донесеме било каква одлука во очекување сме на клиничките студии кои ги прави компанијата „Фајзер“, но според досегашните укажувања веројатно третата доза ќе биде потребна за сите граѓани.

Но, уште е рано да со сигурност да се каже тоа. Ова во денешното интервју за вестите на Сител го изјави министерот Филипче.

На прашањето за опфатот на вакцинација тој истакна дека бројката е различна во различни староносни групи, но вкупниот опфат на вакцинација со една доза помеѓу населението е 37%, 45% од граѓаните над 18 години се вакцинирани со една доза и близу 70% од граѓаните над 70 години се вакцинирани.

Тој додаде дека пунктот за вакцинација на факултетот „Кирил и Методиј„ е отворен за младите помасовно да се вакцинираат бидејќи тие често се изложени на ризични контакти.

Министерот Филипче уште еднаш потенцираше дека работата е многу сериозна и нема друг спас за излез од кризата освен вакцинација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 6починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г),Радовиш(67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

395 нови случаи на ковид-19 – починале 14 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во...

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според порталот Врање њуз, прва доза вакцина во овој град е аплицирана на 13.657 македонски државјани, на 24.161 граѓанин на Врање и останати места во Србија и на девет државјани на БиХ.

Во Врање досега вакцинирани 13.657, а ревакцинирани 11.966 македонски државјани

Од почетокот на вакцинацијата, па до вчера, во Спортската сала во Врање се вакцинирани...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вчера се направени 4.962 тестирања, регистрирани се 344 нови случаи на Ковид-19, а починати се шест лица.

Има 6.967 активно заразени од Ковид-19, повеќето се од Скопје

Во текот на оваа недела забележан е намален број на починати лица од коронавирусот...