Кога обвинителката Ленче Ристовска му укажа дека прашањето се однесува на тоа дали има сознанија дека некој изнесувал материјали од СДСМ, Верушевски одговори па да со овој пример се гледа, а тоа „ако сте ги слушале материјалите, се слуша и таму“.

Објавил: Весна Петровска | 10 октомври, 2019 18:29

Верушевски открива: Висок функционер на СДСМ ги кодошел симпатизерите на партијата во МВР

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Нови теории на Верушевски денеска во судницта. Тој за време на сведочењето за случајот Тврдина изјави дека преку бомбите откриле како се одвивало политичкото надмудрување меѓу власта и опозицијата за да се дознаат информации за политичкиот противник. За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Верушевски тврди дека имало пробив и истекување на информации од СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ за партиските симпатизери на тогашната опозиција кои работеле во МВР.

-Во ваквото надмудрување се сеќавам на еден пример кога Илија Димовски имаше голем успех и ги обезбеди документите за симпатизери на СДСМ во МВР. Тие информации Димовски ги предал на тогашната министерка Гордана Јанкуловска (и таа беше присутна на рочиштето како обвинета). Во истрагата наша откривме дека висок партиски функционер на СДСМ ги предал тие информации, рече Верушевски, кој е сведок на обвинителството

Поранешниот разузнувач и советник на премиерот Заев, денеска пред судот излезе со нови теории околу вината за прислушкувањето, работата на СЈО и притоа одбиваше директно да одговара на некои прашања на обвинителството.

Кога обвинителката Ленче Ристовска му укажа дека прашањето се однесува на тоа дали има сознанија дека некој изнесувал материјали од СДСМ, Верушевски одговори па да со овој пример се гледа, а тоа „ако сте ги слушале материјалите, се слуша и таму“.

Верушевски првин во завиена форма, но потоа и директно го обвини екс премиерот Никола Груевски дека е организатор на нелегалното прислушување и дека со себе има однесено многу повеќе материјали отколку има во СЈО. Колку однел ќе се покажело со вештачењето на обвинителството во процесот. За истото ги обвини и другите бегалци, Горан Грујовски и Никола Бошкоски.

Исто така и премиерот Зоран Заев треба да се појави како сведок на наредното рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“, кое е закажано за 24 октомври.

Премиерот ќе треба да сведочи за своите сознанија за нелегалното прислушување во УБК, по барање на Обвинителството.

Повеќе прочитајте ТУКА 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од 2001 година има работено кај тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај актуелниот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Полициски началници му возвраќаат на директорот на БЈБ: Бараат извинување од Тасевски!

Мешањето на политиката во работењето на Министерството за внатрешни работи во време...

И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка сме позитивни на тестирањето за КОВИД 19.

Мухамед Зекири позитивен на КОВИД-19

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, ја информираше јавноста дека е позитивен...