Верушевски за случајот Таргет Тврдина

Објавил: Узунов Бобан | 23 септември, 2019 14:12

Верушевски ја урна стратегијата на Заев: Целата документација за бомбите беше страотно модифицирана во СДСМ ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој денеска како сведок беше повикан за случајот „Таргет-Тврдина“ изјави дека првите информации за прислушуваните разговори ги добил кон крајот на 2010 година кога работел како одговорен за безбедносната политика во Социјалдемократскиот сојуз.

На денешното сведочење, Верушевски рече дека сите информации и сознанија во врска со незаконското прислушување завршувале во политичката партија и оти увид во целата документација има лидерот на партијата.

– Документацијата е цело време во партијата и со неа управува лидерот на партијата, рече Верушевски, додавајќи дека било која информација не ја искористил за лични интереси, ниту тоа му паднало некогаш тоа на памет.

Потврди дека се познавал со разузнавачите Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски. Лазаревски, како што посочи, бил еден од оние кои доставувале документација во партијата. Лазаревски, според сведочењето на Верушевски, доставувал документација уште пред тој да дојде да работи како одговорен за безбедносната политика во СДСМ.

– Јас кога дојдов во партијата на крајот на 2010 година продолжив да комуницирам со Лазаревски како одговорен за безбедносната политика на СДСМ, рече Верушевски.

За документацијата рече дека доживеала страотни модификации по неговото лишување од слобода во 2015 година.

– Факт е дека таа документација дожева стравотна модификација и компромитирање и сето тоа се случува по моето лишување од слобода, истакна Верушевски.

На почетокот на неговото сведочење, Верушевски неколкупати повтори дека останува на неговиот исказ што го дал пред обвинителот за организран криминал во случајот „Пуч“.

Верушевски денеска одговараше на прашања од јавниот обвинител Артан Ајро кој беше овластен со решение од јавниот обвинител Љубомир Јовески. За овој случај овластени се и обвинителите Лечне Ристески и Трајче Пеливанов.

Следното рочиште продолжува на 10 октомври со вкрстено испрашување од страна на одбраната.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ обвинети се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, кој денеска беше донесен од затворот во Куманово и разузнавачите Горан Грујовски и Никола Бошковски кои се во екстрадиција во Грција. Според обвинителиот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Меркел по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека не е тајна оти за време на расправата за проширување, Франција, Холандија и Данска имале резерви кон натамошните чекори на Скопје и Тирана.

Меркел жали дека немало консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка Ангела Меркел на крајот на Самитот во Брисел изрази дека немало...

На лидерската средба, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на Движење Беса Билал Каса

ПЕНДАРОВСКИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО НАЦИЈАТА: Време е да се обединиме – претседателот закажа лидерска во недела

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат...

Доколку биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат – што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина.

БОРИСОВ: „Би се направила историска грешка ако ЕУ ги одбие Македонија и Албанија„

Република Македонија и Албанија треба веднаш да добијат датум за преговори. Би се направила...

Инаку непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јавува дописникот на МИА.

Дописничката на МИА напиша: Македонските лидери да сфатат дека за Македонија нема место во ЕУ

Дописничката на државната МИА, внука на Борјан Јовановски, Тања Милевска апелира до...