Во емисијата беше прашан зошто две години се анализираше состојбата на МВР, министерот истакна дека тоа е лоша констатција во јавноста.

Објавил: Валерија Петрова | 11 јуни, 2019 22:05

Ветинг во МВР мора да има: Спасовски открива – Има вработени во МВР побогати од бизнисмени

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој вечерва е  гостин во емисијата „Отворено“на телевизија 24  изјави дека ветингот на полицијата и другите институции е повеќе од потребен.

Веингот ќе почне за еден месец, а досега сто полицајци биле избркани од работа

Во емисијата беше прашан зошто две години се анализираше состојбата на МВР, министерот истакна дека тоа е лоша констатција во јавноста.

– Генерално ако следиме што се посакува да се случи, веројатно ако ги прашате 90 проценти од граѓаните би рекле дека сите што се во полиција треба да си одат дома. Меѓутоа, дали е тоа исправно и фер. Затоа реков ветингот во полицијата не се најавува долго време и за многу кратко време ќе се одржи конференција на која ќе се разговара со нудење на законско решение што треба да се спроведе во рамки на МВР, изјави Спасовски.

Исто така Спасовски истакна дека за овие две години откако СДСМ е на власт и тој е чело на оваа институција се направени низа реформи, што наскоро тоа ќе се потврди во Извештајот на ЕК кое ќе биде доставено пред пратениците во Македонското собрание.

Спасвоски рече дека концептот ќе се заснова на три столба бидејќи имало полициски службеници побогати од бизнисмени кои работат 20 години.

-Првиот столб –  вработување и кариера на секој полициски службеник

– Вториот сролб – имотната состојба

-Третиор столб –  интегритетот и професионалноста во извршувањетп на работните задачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно