Вечерва во НЦУК „Кочо Рацин“ во преполна сала се реализираше првиот концерт на Лука Лазарески и неговите учесници Теодора Матеска (вокал), Бојан Трајкоски (вокал), Теодора Кулевска и Јована Димоска (виолина), Лео Пејчиновски (виолончело), Марко Лазарески (гитара), Јана Матеска (гитара), Едил Хусоски (кларинет), Ѓорѓи Божиноски (ударни инструменти), Петар Личоски, Касијана Матеска, Јана Јолеска и Бисера Јолеска.
Одлична атмосфера, вистинска предпразнична магија, со многу гости, а дополнителна волшебна радост донесе празничниот „Базар“ на градскиот плоштад каде најмилите не останаа рамнодушни покрај маскотите и најубавата елка.
На овој концерт специјален гостин беше епископот антаниски, игумен на Бигорски Манастир – г.Партениј кој го посети „Базарот“ и ја пофали нивната работа, а за најмилите додели предновогодишни пакетчиња и дарови за учесниците, воедно и посака среќни новогодишни и божиќни празници, да шириме љубов и емпатија, да се почитуваме и живееме.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.