Денеска е голем христијански празник Митровден а именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…
Митровден е празник посветен на светиот великомаченик Свети Димитриј, кој секоја година се празнува на 8 ноември.
Празникот се слави на целиот Балкански полуостров. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време (зимата). Така, на Митровден се најмувале полјаци, протуѓери, кметови итн., кои служеле до Ѓурѓовден.
Светиот великомаченик Димитриј, кој живеел во Солун, во 3. век. Тој бил син на градоначалникот, кој долго време немал деца и по долги молитви, добил син, кого го воспитувал според христијанските верувања. По смртта на татко му, Димитриј бил назначен за градоначалник на Солун. Во тоа време, христијанството не било признаено како државна религија, па царот го советувал Димитриј да постапува сурово кон христијаните, но тој ги подучувал нив како да се чуваат од паганите. За тоа дознал царот и кога дошол да се увери во вистината, Димитриј воопшто не одрекувал дека е христијанин, туку јавно ја презрел паганската религија на царот, поради што бил затворен. Со него се поврзани многу чуда, особено поврзани со одбраната на Солун од непријателите. Поради тоа, овој светец се смета за заштитник на Солун.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.