Сите сакаа еспресо, само Силјановска пиеше капучино

Објавил: admin@magazin | 19 април, 2019 7:50

Вечерва, последна ТВ дебата на претседателските кандидати пред изборниот молк

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вечерва во 21 часот на ТВ 21 е завршното претседателско соочување, пред почетокот на изборниот молк за шестите по ред Претседателски избори. Професорката тројка Река, Силјановска Давкова и Пендаровски и покрај напорната агенда, пред доаѓањето рекоа одлично се чувствуваат. Заедно го испивме и првото заедничко кафе. Сите еспресо, само Силјановска пиеше капучино.

Ветувањата во овие 19 дена од 6 тата по ред претседателска кампања беа најразлични. Колку успеа во намерата да се покажат во најдобро светло и да го понудат најдобриот концепт ќе одлучат граѓаните за помалку од 40 часа.

Прв пристигна Кандидатот Блерим Река, вели дека одлично се чувствува и дека може уште толку да издржи.

„Домашните се чудат од каде таа енергија. Велам народот ми дава енергија. Нивниот ентузијазам ми дава енергија и морам да им вратам со победа“, рече Блерим Река – кандидат за претседател.

И професорката Силјановска Дафкова се чувствува одлично, вели дека е загрижена за некои состојби во држава ќе се труди доколку биде избрана нешто да промени. Своите најблиски безрезервно ја поддржуваа, но сака колку може да ги држи настрана од јавноста.

И професорот Пендаровски  е задоволен од досегашната камапања, вели дека неговите најблиски ги бројат деновите до завршувањето на кампањата. Откри како ќе го помине финишот.

„Дома, дома, нема да излезам воопшто ,освен вечерта кога ќе чекаме резултати“, рече Стево Пендаровски – кандидат за претседател.

По пристигнувањето заедно тројцата кандидатите во релаксирана атмосфера го испија кафето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.