Ќе бидам искрен и ќе ви кажам дека многу ми е жал што Заев влезе во ваков филм.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 август, 2019 2:10

“Вечерва после скандалозната изјава на Заев, бев мета на организирани напади на сдсмовските ботови и приврзаници на премиерот”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шокантна, дискриминирачка и заканувачка –на овој начин новинарот Бранко Героски ја оцени вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев, во која тој рече дека нема да дозволи „група криминалци, еден суетен новинар и еден педер“, да ја урнат власта. Во изјавата на премиерот Заев, се најде навреден новинарот Героски.

Доцна вечерва новинарот Бранко Героски напиша статус на социјалните мрежи, во кој откри дека вечерва после скандалозната изјава на Заев, Героски бил мета на организирани напади на сдсмовските ботови, но и на многу приврзаници на премиерот, кои не можеле да се соочат со вистината дека Заев не е повеќе тоа што беше.

Героски напиша дека од листата на пријатели и следбеници на Фејсбук, избришал и изблокирал многу луѓе за кои вечерва сватил дека не се способни да мислат со сопствените глави.

Ви го пренесуваме во целост Фејсбук статусот од Бранко Героски.

Вечерва (синоќа), после скандалозната изјава на Заев, бев мета на организирани напади на сдсмовските ботови, но и на многу приврзаници на Заев кои не можат да се соочат со вистината дека нивниот обожуван лидер не е она што беше.
Ќе бидам искрен и ќе ви кажам дека многу ми е жал што Заев влезе во ваков филм. Никогаш не помислував дека од овој човек, од мојот пријател Зоки, можам да се надевам на вакво нешто. Ваква оркестрирана харанга, вакви страшни и неосновани клевети. Се прашувам дали ноќеска треба да очекувам партиската војска да ми тропне на врата или нешто уште пострашно да се случи…
Во меѓувреме, од листата на пријатели и следбеници на Фејсбук, избришав и изблокирав многу луѓе за кои вечерва конечно сфатив дека не се способни да мислат со сопствените глави и не го зсслужуваат моето внимание.
Тоа е мојот акциски план и за наредните денови. Кој сака да ме клевети и навредува, ќе мора тоа да го прави на сопствениот ѕид. Јас немам ни време ни енергија со таквите ликови да терам полемики.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, денот го посвети на војниците кои служат на мисиите во странство. Потсети дека од минатогодишната прослава, до денес се смениле многу работи во секторот одбрана.

ШЕЌЕРИНСКА: “Веќе ги одбројуваме деновите до полноправно членство во НАТО”

Зад нас е успешна година, а следната ќе биде уште поуспешна. Политичарите испратија...

Со особена чест и задоволство го честитам денешниот празник, упатувајќи искрена благодарност за вашата континуирана посветеност, професионалност и несебичниот ангажман за заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава, се вели во честитката од Заев.

Заев го честита ДЕНОТ НА АРМИЈАТА: “Македонија ќе биде идната, 30-та членка на НАТО алијансата”

Нашите војници покажуваат еднаквост во партнерството со нашите сојузници и способност...

,,Мислам дека ако не излезеше написот на Геровски, никогаш, ама баш никогаш немаше да биде уапсен Боки, никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет“.

ЛУПЕВСКА: “Ако не излезеше написот на Геровски, никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет”

Лупевска призна дека добила покана Бојан Јовановски, таа и нејзината екипа од емисијата...