Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се дели пита со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

Објавил: Валерија Петрова | 13 јануари, 2020 19:21

Вечерва ја дочекуваме Стара нова година: На кого ќе му се падне паричката ЌЕ ИМА СРЕЌА!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

За многу години нека ни е празникоѕ Василица или позната кај народот Стара Нова година.

Православните христијани, чии цркви го користат Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица.

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се дели пита со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Рекламата предизвика голем интерес во јавноста. Едни пишуваат дека Питер ја искористува позицијата за да го зголеми салдото, додека други едвај чекаат да го пробаат млекото.

Нова брука во кралството: Кралицата Елизабета се уште не го надмина шокот со Хари, а веќе ја посрамоти уште еден внук

Три децении вниманието на јавноста е насочено кон принцовите Вилијам и Хари па често...

Имено, како што јавуваат српските медиуми, експлицитното видео на пејачката станало хит меѓу затворениците.

ДАРА БУБАМАРА ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР: Затворениците ПОЛУДЕЛЕ – стражарите не можеле да ги СМИРАТ

Лудило во српскиот затвор, затворениците полудеа по сексипилната пејачка, Дара Бубамара...

Оваа година во Штип поради инцидентот помеѓу двајцата верници попот реши крстот да остане во црквата и секој верник ќе има можност да го бакне за здравје.

УРНЕБЕСНО НА ВОДИЦИ: Еве што фати момчето наместо крстот во Струмица

Скандалозни случувања и на празникот Богојавление – Водици. Во неделата секаде...