Вилма Рускоска во СЈО влезе со двајца финансиски истражители и тоа не со налог од Судот со кој е во конфликт поради пуштањето на Катица Јанева од Шутка, туку со барање од Јавното обвинителство.

Објавил: Сара Фемина | 26 ноември, 2019 19:28

ВЕЧЕР ДОЗНАВА: КАТИЦА СЕ ВРАЌА НА СТАРОТО МЕСТО ВО ШУТКА?!

Фото/Текст извор: ©вечер

Шефицата за дела од организиран криминал при Јавното обвинителоство, Вилма Рускоска, очигледно има намера да ги истурка криминалите во СЈО ако не до самиот крај, тогаш што е можно подлабоко од досегашните, првични докази.

Нејзината изјава дека се обидуваат да и го урнат и изградат трудот откако, очигледно со поддршка од врвот на власта, притворената Катица Јанева од Шутка беше ослободена и однесена во домашен притвор нема да заврши на емотивно празнење со СМС пораки, туку на подлабоко навлегување во очигледниот финансиски криминал во СЈО во кој сосема е сигурно не е вклучена само Катица Јанева, туку и нејзини колеги и колешки кои така благопријатно добивале по 150-200.000 евра над платата за “чување на тајните од работењето на СЈО“ иако знаеле дека тоа се незаконски стекнати пари.

Вилма Рускоска во СЈО влезе со двајца финансиски истражители и тоа не со налог од Судот со кој е во конфликт поради пуштањето на Катица Јанева од Шутка, туку со барање од Јавното обвинителство.

И самото тоа говори дека постои сомневање за корупцијата во судството за потреби на извршната власт, во случајов видено преку неочекуваното и непоткрепено ослободување на Катица Јанев од Шутка која е потенцијална опасност со свои искази, докази и преписки да нанесе проблеми на врвот на владата која со години соработувала со неа за политички потреби.
ВЕЧЕР дознава дека во СЈО не се само финансиски истражители, туку и најспособните од одделот за компјутерски криминал кои истражуваат компјуетри и севкупна комуникација на обвинителите од СЈО која досега беше недостапна за ЈО, како и луѓе од техничката логистика за обвивање на каси и трезори.

Имено, според информациите на порталот ВЕЧЕР, во СЈО има осум каси во кои се чуваат архивски материјали, докази, телефонски разговори, пари и компјутерски содржини. Во некои од касите имаат пристап истражителите, во други обвинителите а во една од нив пристап има само Катица Јанева со своја шифра. Таа шифра за влез Катица Јанева не ја дава на обвинителката Вилма Рускоска па техничката логистика во оваа акција на Вилма Рускоска била принудена да врши насилно разбивање и отварање на таа каса за да се допре до нејзината содржина.
Финансиските истражители, до времето на пишување на овој извештај, 18:30 минути, уште сега при самиот попис и опис на документите имаат најдено криминал во финансиските книги на СЈО, помеѓу останото дека парите кои Катица Јанева ги делела со своите обвинители, роднини и пријатели го надминуваат буџетот на СЈО! Ова значи дека вишокот пари кои се делени, а се работи за големи цифри од ститина иљади евра годишно просечно по обвинител, делумно се и од непознато потекло!

Први претпоставки се дека тие пари се од дипломатски извори и, или, од владини и партиски извори за да се делат помеѓу обвинителите и истражителите кои одработувале за интерес на извршната власт и партиите кои ја сочинуваат.

Но, од тие мистериозни пари плаќани се и новинари, роднини на судии, роднини на директори на затвори и на партиски функционери од сегашната власт.

Ако се знае, а се знае, дека Вилма Рускоска има силна поддршка од Американската амбасада да ја расчитува до крај корупцијата во СЈО сосема е извесно дека може да се очекуваат нови истраги за некои од обвинителите во СЈО кои знаеле за приходите на СЈО и, исто така, по службена должност знаеле дека не може да примаат по сто иљади евра екстра приходи годишно без оглед што се труделе тоа да го маскираат со правни образложенија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) ја рангира земјава на осмото место во светски рамки по количините фрлена храна според бројот на жители

СИРОМАШНА, НО ПРИБИРЛИВА: Македонија меѓу рекордерите во фрлање храна

Македонија сиромашна но прибирлива, граѓаните и покрај тоа што се жалат за сиромаштијата...

Од воведувањето на мерката на 1 јули оваа година, парите за првите три месеци ќе бидат на сметките во декември.

Проверувајте си ги сметките – парите за скенирање на сметки ги имате на вашата трансакција

На вашите сметки треба да очекувате поврат на 15 осто од ДДВ. Средставата на повратот...

Имено македонските олимпијци се закитија со медали на  прогласувањето на најдобрите олимпијци на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, во арената во Доха, Катар.

МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Ученици земаа пет медалји на олимпијада во Катар

Македонските ученици Матеј Гелев, Емилија Николовска, Мајкл Георгиевски, Никола Спировски,...