Прв таков случај беше во 2006 година при конституирање на 5-ти парламентарен состав на конститутивната седницата одржана на 27 јули 2006 година

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 август, 2020 12:13

Вељаноски до Пендаровски: Андов не беше суден за тероризам, иако го извести Црвенковски дека не е избран претседател на Собрание

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во врска со вчерашната изјава од кабинетот на претседателот на државата г-н Стево Пендаровски дека „Во 2016 година, тогашниот претседавач, Трајко Вељаноски испратил допис датиран на ден 30 декември 2016 година, со кое го информира тогашниот претседател Иванов дека собранието е конституирано со верификација на мандатите иако не е избран претседател“, објавува Курир.мк.

-Сакам да ја известам јавноста но и претседателот г-н Стево Пендаровски дека тоа не бил прв случај иако не бил избран претседател на собранието на РМ и била прекината седницата да претседавачот го известува претседателот на државата дека е констутирано собранието. Прв таков случај беше во 2006 година при конституирање на 5-ти парламентарен состав на конститутивната седницата одржана на 27 јули 2006 година тогашниот претседавач со конститутивната седница г-н Стојан Андов ја прекина конститутувната седница после третата точка без да се изврши избор на претседател на собранието на РМ бидејќи немаше предлог за претседател на собранието на РМ и ја одложи седницата но истовремено на ден 27 јули 2006 година г-н Стојан Андов како претседавач а не како претседател на собранието на РМ го известува претседателот на РМ дека е конститутирано собранието иако не беше избран претседател на собранието на РМ и врз основа на тој допис од претседавачот г-н Стојан Андов тогашниот претседател на РМ г-н Бранко Црвенковски на 28 јули 2006 година го достави мандатот на тогашниот мандатор (за ова нека си проверат во архивата на претседателот на државата и во архивата на собранието).
Но за среќа тогашниот претседавач г-н Стојан Андов не беше суден за тероризам во тоа време, вели Вељановски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Македонците со престој во Германија се жалат на услугите на македонската амбасада и преку отворено писмо апелираат за подобрување на услугите во дипломатско-конзулантните преставништа на Македонија во Германија!

Македонците со престој во Германија се жалат на услугите на македонската амбасада

Македонците со престој во Германија се жалат на услугите на македонската амбасада...

Македонскиот и бугарскиот премиер денеска телефонски разговараа за повеќе теми од соработката меѓу двете земји, како и за организирањето на посетата на Зоран Заев на Бугарија!

Борисов до Заев: Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Македонија

Македонскиот и бугарскиот премиер денеска телефонски разговараа за повеќе теми од...