Вељко има 22 години и боксува во категоријата крузер. Пред два дена ја издвојува својата шеста победа и полека но сигурно се искачува на врвот на боксерскиот свет.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 март, 2019 21:03

Вељко Ражнатовиќ синот на Цеца и Аркан, постана професионален боксер – нокаути во неговата кариера

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Вељко Ражнатовиќ го продолжи својот боксерски успех, со нова шеста победа во својата професионална боксерска кариера.

Вељко Ражнатовиќ, кој е на јавноста познат како син на пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца и контроверзниот лик Жељко Ражнатовиќ Аркан, во првите пет интернационални борби во 2018 година извојува пет победи (три со нокаут) и најави за српската јавност дека до крајот на оваа година ќе биде најдобар боксер на целиот Балкан во неговата категорија.

Вељко има 22 години и боксува во категоријата крузер. Пред два дена ја издвојува својата шеста победа и полека но сигурно, се искачува на врвот на боксерскиот свет.

Мечот од Вељко Ражнатовиќ го гледаа во живо министрите Ивица Дачиќ и Александар Антиќ, а домаќинот на спектаклот беше градоначалникот на Јагодина Драган Марковиќ Палма.

„Моментно сум најдобар во Србија во категоријата крузер, но знам дека можам многу повеќе од тоа. Верувам дека до крајот на 2019 година ќе бидам балкански првак“, изјави амбициозниот боксер Вељко, на почетокот на оваа година.

Повеќе од 5000 илјади навивачи во Јагодинската сала „Јасса„ скандираа за Ражнатовиќ, на шестиот триумф во истите боксерски мечеви, кои го совлада далеку искусниот Французин Исос Мондо (39).

Кај Вељко Ражнатовиќ, како што изјави останува мал жал затоа што мечот не го заврши со нокаут, а победи на поени со (60:54), но веќе на 31 мај во халата „Ранко Жеравич„ во Белград, ќе има нова шанса.

Никогаш не можам да бидам потполно задоволен кога противникот ќе излезе на нозе, но ќе бидат и нови шанси за нокаут. Се надевам дека во својот следен меч ќе забележам и четврти нокаут, изјави Ражнатовиќ.

Кога се работи за мечот и далеку искусниот противник, на кого му нанесе 18 ти пораз, Вељко вика:

Вељко Ражнатовиќ, заедно со неговата мајка познатата српска пејача ЦЕЦА, која како што изјави, секогаш е горда на секој негов успех во боксерската кариера.

Беше претерано тврд, но не му дозволив да ме напаѓа многу, го чував на дистанца. Го погодив неколку пати и мислев дека тие удари ќе го завршат, но сепак остана на нозете во сите 6 рунди. Може требаше повеќе да нагазам на крајот, но сметав дека е подобро да не ризикувам. Мечот тогаш беше добиен, бев подобар од него во сите 6 рунди.

Имав апсолутна доминација, и во ниеден момент не се почувствував загрозен.
Мечот од Вељко Ражнатовиќ го гледаа во живо министрите Ивица Дачиќ и Александар Антиќ, а домаќинот на спектаклот беше градоначалникот на Јагодина Драган Марковиќ Палма.

Од самото интонирање на химната „Боже Правде„ сите во салата навиваа со целата снага. Вељко на крајот сите ги поздрави, а потоа замина со својата девојка Богдана која цело време го поддржување во публиката.

Неговата мајка познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ изјави дека не може никогаш да го следи во живо натпреварот на нејзиниот син, но секогаш е пред малите екрани и со целото срце го бодри на секоја негова победа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Имено напаѓачот од редовите на Јувентус, не ги заборавил и најсиромашните и донирал 1.5 милиони долари за помош на луѓето од Палестина.

Рамазански подарок: Роналдо донираше 1.5 милиони долари за децата во Палестина

Познатиот фидбалер, кој е миленик на женсата публика Кристијано Роналдо продолжува...