
Македонија
Култура
Манифестираната селективна меморија на премиерот Заев, збирно со директорот на агенцијата за филм Тозија и министерот Адеми, дебело им се одбива од глава од културната фела во Македонија.
Имено не беше далечна историја ни февруари 2018-та година кога Виган Максути, претставен како албанскиот талент од Тетово, кој со сигурни чекори оди кон успех.
Тогаш за Максути министерот Алаѓозовски додели и финансии а ДУИ, политичкото крило на ОНА не виде говор на омраза, па кажаа: Тој е ветувачки талент, нова ѕвезда која почнува да свети.

За Максути знаевме дека пее од 2013 година како 7 годишен ученик кога учествува на детскиот фестивал “Блејат”, каде што ја освоил третата награда со песната “Мојата баба”.
Во 2014 година за него е направен првиот видео запис во замокот Селра, за песната со наслов “Гулаб на слободата”. Во 2015 година, ја освои втората награда на Детскиот фестивал со песната “Со песни што ќе кажам”.
За него има повеќе видео записи со детски песнички, но и еден ваков запис, во кој малиот Виган е облечен во маскирна униформа на УЧК-а и пее песна каде се величи делото на командантот на некогаш паравоена УЧК-а Исмет Јашари Куманова.
За овој потфат на величање на терорист Максути преку Здружението Виган за проектот што го носи истоимениот наслов како песната ,,Гулаб на слободата“, побарало од Министерство за култура 200.000 денари, но комисијата која одлучувала решила да им додели повеќе 300.000 денари, што е исто така невообичаено, бидејќи во принцип речиси секогаш се доделуваат помалку пари од бараното.
Според ова што може да се види, проектот за кој се доделени државни пари е од областа на камерната музика.
Но, Виган од Тетово има добиено субвенција по уште една основа, солистички концерт и тоа сума од 480.000 денари.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.