– Има работи кои допрва ќе се разоткријат. Треба да се разоткријат врските меѓу двајцата осомничени со уште барем пет – шест лица, според моја проценка.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 јули, 2019 18:00

(ВИДЕО)БРАНКО ГЕРОСКИ ОТКРИВА: Во рекетот замешани уште две лица од СДСМ!

Фото/Текст извор: ©Онлине магазин

Уште пет или шест луѓе учествувале во целиот скандал, а истрагата на Обвинителството треба да ги докаже овие сомнежи, вели новинарот Бранко Героски, во интервју за ТВ 21.

Новинарот Бранко Героски во интервју за ТВ21, изјави дека не би сакал да изнесува имиња, ниту повеќе детали, бидејќи со тоа би ѝ наштетил на истрагата. Тој мисли дека обвинителството ќе дојде до фаза дека станува збор за злосторничко здружение. 

– Има работи кои допрва ќе се разоткријат. Треба да се разоткријат врските меѓу двајцата осомничени со уште барем пет – шест лица, според моја проценка. Мислам дека тие врски ќе доведат до нови основани сомненија за вмешаност на други луѓе во овој бомбашки рекет, во овој милионски рекет.

Мислам дека обвинителството ќе дојде до фаза дека станува збор за злосторничко здружение. И не е само во прашање рекет, во прашање е и сериозно перење на пари во кои се замешани многу други лица – изјави Героски за ТВ 21.

Првоосомничениот, се товари и за перење пари, а парите ги пуштал во промет како легитимно стекнати и со нив купувал разни предмети, облека, плаќање одмор.

Средбите се одржувале на повеќе места, во домот на сведоците, но и во домот на првоосомничениот. Осомничените награда од 8 милиони евра ако постапката запре.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Дали всушност Боки 13 ги користи српските медиуми како алатка за упатување на закани кон македонски, но и странски политичари, но оттука се поставува и прашањето кој е линкот од кој пристигнуваат наводни информации кои се објавуваат во српските портали и весници?

Кој му помага на Боки 13 да изнесува информаци надвор од „Шутка“?

Српските медиуми секојдневно објавуваат нови информации за првоосомничениот Боки...

Ах бе сдсмовчиња, споменик за Александар Македонски во центарот на Скопје изгласа СДСМ кога беа мнозинство

Јоци: Ах бе сдсмовчиња, споменик за Александар Македонски во центарот на Скопје изгласа СДСМ кога беа мнозинство во 2005 година

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци по повод поставувањето на таблите на споемениците...