Пожарникарите, кои користат и хеликоптери во напорите за гаснење на огнот, велат дека успеале да локализираат околу 20 отсто од пожарот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 јули, 2019 10:04

(ВИДЕО)ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА ХАВАИ: Поради големиот пожар се евакуираат туристи и население!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Големиот пожар кој го зафати Хаваи, почнал вчера околу 10.30 часот по локално време, а ветрови со брзина до 20 километри на час го прошириле огнот.

Поради пожарот кој изби вчера на островот Мауи на Хаваите, евакуирани се илјадници туристи и жители, пренесуваат светските медиуми.

Огромен пожар изби на хавајскиот остров Мауи поради што евакуирани се илјадници туристи и жители, пренесе Ројтерс.

Гувернерот на Хаваи, Дејвид Иге прогласи вонредна состојба на островот Мауи. Големиот пожар кој изби на островот, моментно зафаќа околу 4.000 хектари некогашни полиња за шеќерна трска.

Во гаснењето пожарникарите, користат и хеликоптери, а изјавуваат дека успеале да локализираат околу 20 отсто од пожарот.

Привремено е затворен аеродромот Кахулуи, а летовите се пренасочени поради чад. Засега нема информации за повредени или жртви.

Хаваите се сојузна држава од САД. Тоа се група на острови кои се наоѓаат во Тихиот Океан. Главен град е Хонолулу.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Здравствените служби потврдија дека 23 лица, меѓу нив 5 деца биле прегледани во болниците, но само едно лице било задржано за дополнителен третман на повредите.

Путин ги одликува пилотот и копилотот за безбедното слетувањето на патничкиот Ербас во поле со пченки!

Пилотот на рускиот патнички авион кој остана без енергија во двата мотори откако во...

Имено Морина кој по потерница од Србија од македонските власти требаше да биде испорачан во Белград, но ваквата одлука не беше прифатена па доцна, синоќа беше дочекан во својот дом во родното Ѓаково како херој, пишува приштински „Газета Експрес“.

ВИДЕО: Поранешниот припадник на ОВК Томор Морина со тапани пречекан вo Косово

Томор Морина,поранешниот припадник на ОВК, беше уапсен на граничниот премин Блаце...

Но наспроти Европа, во Австралија утринава е забележана прекрасна глетка. Имено, Австралија е погодена од бран студен воздух што донесе снег и ветрови од 100 километри на час.

Европа со температури над 40, Австралија под снег

Топлотниот бран е насекаде во Европа. Температури над 40, висок ув индекс, секојдневно...