Пред владината зграда тие поставија импровизиран ноќен клуб на кој стои натпис „затворено”. Седум месеци откако се затворени, тие денеска побараа финансиска поддршка и да се донесат протоколи за да можат да работат.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 октомври, 2020 16:16

(ВИДЕО)Музичарите и угостителите поставија ноќен клуб пред Влада, Заев ги повика во Влада

Фото/Текст извор: ©360 степени

Седум месеци откако се затворени, музичарите денеска побараа финансиска поддршка и да се донесат протоколи за да можат да работат.

Пред Владата почна најавениот протест на музичарите, сопствениците на ноќните клубови и угостителите од рестораните за семејни прослави – „Против уништувањето на ноќните клубови“.

Пред владината зграда тие поставија импровизиран ноќен клуб на кој стои натпис „затворено”. Седум месеци откако се затворени, тие денеска побараа финансиска поддршка и да се донесат протоколи за да можат да работат.

Даниел Сидовски, како претставник на музичарите и организатор на протестот рече дека бараат во рок од два дена премиерот Зоран Заев да ги прими и да ги слушне нивните барања. Вели, околу 20 000 свадбени работници и музичари се засегнати од кризата, а покрај музичарите и угостителите ги наброја салоните за венчаници, за свадбени декорации, фотостудија, менаџери.

„Ние не го шириме ковид – вирусот, ние не сме главни преносители на вирусот. Има многу посериозни пренесувачи кои вие ги одобривте по нивно барање за тековна работа”, рече Сидовски.

Тврдиме, рече тој, „со потпис и печат“ дека не бегаат од тоа да работат по протоколи, а нивните протоколи, како што рече, се многу повредни од тоа да се работи на диво, во позадина на прослави и настани без да се знае.

„Ние немаме веќе сили, ни како ни со што да работиме и да издржуваме семејства ако продолжите вака”, рече Сидовски.

По неговото обраќање набрзо од бината најавија дека ги од кабинетот на Зоран Заев за в петок им е закажана средба со него.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Тој додаде дека откако решенијата ќе бидат ставени во правна законска рамка ќе бидат информирани и другите претставниците на коалицијата на мнозинството и на опозицијата во Парламентот.

Заев по средбата со лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива: Имаме усогласен договор за законските решенија за стекнување државјанство

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, заедно со министерот...

Да продолжиме заеднички посветено да придонесуваме за одржлив и безбеден систем, за економски раст и развој и подобрување на животот на нашите граѓаните.

Честитка од министерот Спасовски по повод 29 години Царинска управа

Царинските работници се врската на нашата држава со светот, огледало за деловното...

Исто така се најавува протестите да бидат секој ден од 12 до 15 часот се до наоѓање на взаемно прифатливо решение.

Од денеска па во следните денови протести пред Владата од 12 до 15 часот

Денеска во 12 часот пред Владата, ќе има протест на компаниите од индустријата за организација...

Дополнително, во голема акција, целосно се отстранети несоодветно поставените билборди и реклами од велосипедските патеки во Малиот ринг, со што се стимулира користењето на велосипедот.

ВЕЛО Е КОГА ИМА СÈ – ГРАДОТ СКОПЈЕ СО КАМПАЊА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

На повеќе локации во Скопје деновиве се поставени билборди кои ги поттикнуваат граѓаните...