Тој вели дека со неговиот син разговара, но поретко откако почнал со објавувањето на прислушуваните телефонски разговори каде главни ликови се Али Ахмети и Муса Џафери.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 јуни, 2019 20:59

(ВИДЕО)Таткото на Ел Чека, Мустафа Ахмети во интервју зборува за синот Ел Чека и ДУИ!

Фото/Текст извор: ©21тв

Таткото на Ел Чека, Мустафа Ахмети, денеска зборуваше за телевизијата 21 ТВ. Тој зборуваше за неговото семејство, посебно за својот син Шеќерим.

Тој рече дека како семејство тие немаат ништо лично со Али Ахмети! По објавувањето на „бомбите“ рече дека им се доближиле албанските партии, но не прифатил ниедна бидејќи не им верувам.

За сите „бомби“ кои ги објавува неговиот син, Ел Чека, тој инсистира дека тие не ги добил од директор на Агенцијата за разузнавање, како што се вели во јавноста. Таткото на Шеќерим сепак Еролд го поврзува со Кумановската Група, а настанот кај Диво Насеље во 2015, како што вели, го создале тајните служби.

Се собрале како во одаја на мажите, но не се во одаја.
Пријателите и поддржувачите на синот на Мустафа Ахмети, се собрале во една кафитерија во близина на Ректоратот во Тетово, пред да го започнат најавениот протест против, како што велат, Али Ахмети и кланот на Зајас.
Мустафа седи на чело, бидејќи неговиот син, Шеќерим, познат како Ел Чека, веќе неколку недели преку социјалните медиуми објавува прислушувани разговори на Али Ахмети и неговите соработници за приватни но и за државни работи.
Таткото на Ел Чека за ТВ21 раскажува дека вчера стигнал од Албанија во Македонија, за да го води протестот кој го повика неговиот син од Америка, за да докаже дека нема ништо лично меѓу Ел Чека и претседателот на ДУИ.

Доколку беше нешто лично, јас ќе го решев проблемот! Не е лично.

Веќе неколку дена Ел Чека се заканува со нови бомби. Таткото на Ел Чека, Мустафа Ахмети, денеска зборуваше за телевизијата 21 ТВ. Тој зборуваше за неговото семејство, посебно за својот син Шеќерим.

Велите дека не е лично меѓу Шеќерим и Али Амети?

Не, не! Нема ништо лично. Немаме ништо лично со никого, брате. Овие проблеми се однесуваат на сите Албанци“ – вели за ТВ21 таткото на Ел Чека.
Кога го прашавме за вистинските мотиви зошто Шеќерим ги објавува прислушуваните разговори, Мустафа Ахмети објаснува:
Вистината на Шеќерим . . . Вистината на Шеќерим, нашата цел е да ги откриеме сите подземни служби кои делувале со овие луѓе кои денес се инсталирани во системот!“. – Раскажува Мустафа.
Тој вели дека со неговиот син разговара, но поретко откако почнал со објавувањето на прислушуваните телефонски разговори каде главни ликови се Али Ахмети и Муса Џафери.
Како што објаснува таткото на Ел Чека, вели дека немале додатни проблеми од објавувањето на разговорите, а имаат притисок од политиката!
Мустафа Ахмети за ТВ21 вели дека прислушуваните разговори кои ги објавува неговиот син, се истите кои ги објавуваше Зоран Заев во 2015 година, и кои ги достави на Катица Јанева.
Но, настојува дека „бомбите“ неговиот син не ги земал до Директорот на разузнавачка службам Еролд Муслиу, кој е нивен соселанец од село Тухин, Кичево.

„Од едно село, невозможно е да не се познаваме меѓусебно. Ние со тие луѓе, со неговиот татко никогаш сме немале добри односи! Неговиот татко, Мехмет Муслиу со Реџеп Муслиу, таткото кој беше претседател на Централниот одбор во поранешниот југословенски систем. Човек кој тогаш, не знам дали се сеќавате за ′85 година и потоа . . . кој велеше дека Албанците се подготвуваат за отпор против тогашна Југославија“, изјави Мустафа Ахмети – татко на Ел Чека.

Сега сакате да ми кажете дека овој (Еролд Муслиу) го познава вашето семејство? Ве познава Еролд?

-Да. Да. Не’ познаваат.
-Ве знае Еролд?
-Да,да. Не’ познаваат. Земјаци сме!

-Го познава вашето семејство, дури сте и од исто село! Но, велите дека нема врска со Шеќерим, и дека прислушувањата не му се од него?

-Не! Не!
-Бидејќи ги поврзаа, ме разбирате, логично, како двајца соселани!
-Не, не. Еролд Муслиу е човек кој работи во службите многу одамна. Беше и во времето на Мијалков. Ние имаме податоци, имаш предвид? Тој беше организатор на многу од средбите на Кумановската група, ако сакаш да знаеш!
-Сакате да кажете дека бил вмешан во случајот Куманово!

-Да, и имаше средби!

-За Еролд велите?Еролд, да, да!
-Ви кажа Шеќерим или?
-Не, не! Знам од мои извори, имај предвид!
-Бидејќи и Шеќерим зборува во име на Кумановската група!
-Сега не ги знам односите на Шеќерим со Кумановската Група…
….но сакам да кажам дека цело време кога ги објавува прислушуваните материјали, се однесува на Кумановската група, за да им помогне на тие момчиња.

Затоа прашувам дали овој (Еролд) бил вклучен???

-Види, овие луѓе кои денес се таму, од Куманово, јас, ние имаме информации од порано, дека Македонија преку Албанија била заинтересирана да ја инсталира оваа група. И конечно, тоа им успеа, раскажува таткото на Ел Чека за ТВ21.
По ова, Мустафа Ахмети раскажува дека син му Шеќерим веќе две години е иселен во Америка, а за прислушуваните материјали вели дека му паднале в раце откако отишол таму.
За заканите и проблемите со политичките партии, малку зборува, но воопшто, таткото на Ел Чека вели дека не верува никому, ниту на власта ниту на албанската опозиција.
Мустагфа Ахмети, Татко на Ел Чека
Проблемите продолжуваат….јас 8 години не бев тука. Со судски одлуки. Со сценарио подготвено во 2010. 12 август 2010.
-Да, но, по објавувањето дали имате проблеми! Дали ве викнал некој од политиката, или био кој за да ви се закани?
-Да! Всушност, бараа средби, но не прифатив со одговорни лица од политичките партии.

-Кој бараше да се сретнете?

-Неколку партии бараа да се сретнеме. Дојдоа и во Албанија и овде.

Јас ги избегнувам политичките партии, бидејќи овој проблем на политичките партии ми е познат. Свесни сме. Партиите ги интересира да влезат повторно во тој систем.

-Меѓутоа, имаше ли политичка партија која ве поддржа на денешниот протест?

-Слушај, јас велам дека албанската опозиција е “мртва“. Нека кажува кој што сака. Албанска опозиција нема ни во Македонија ни во Албанија. Ниту во Косово.
И овде се прекинува разговорот за некое време, бидејќи некои од собраните луѓе околу него во кафеаната, си заминаа и дадоа до знаење дека нема да се придружат на протестот.
“О Мустафа! Јас ќе одам со Ќани…треба да одиме на едно место!
-Нема да бидете тука? Ќе бидете на протестот….
-Се плашат луѓето?
-Се плашат! Што да прават. Што ме интересира мене. Јас не охрабрувам никого, секој си е за себе“ вели во интервјуто за ТВ21 Мустафа Адеми, татко на Ел Чека.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Но, настанот не помина толку свечено како што очекуваа. И тука се соочија со незадоволството на македонските граѓани, револтирани од неработата на централните и локалните власти.

НАРОДОТ НЕ МОЖЕШ ДА ГО ИЗЛАЖЕШ: Се огласи Мицкоски за случајот “ДА НЕ МЕ ГЛАСАШ НИКАД“

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов пред некој ден се појави на настан за...

Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин.

Млад Македонец киднапиран во Тирана – киднаперите барале 250.000 евра, познат идентитетот на заложникот

Македонската јавноста остана во шок по веста за киднапирањеето на Македонецот Давор...

Да кажеме дека и мислењето е почитувано, а и граѓаните во оваа држава, без разлика дали се Македонци, Албанци или сите други, се позадоволни“, рече Шекеринска.

ШЕЌЕРИНСКА: Венецијанската комисија има полиберален став, ќе го разгледаме предлогот

Заменик – претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, на денешната прес конференција...