Иако се уште е во градба Гаџа ветува дека локалот ќе се отвори наскоро.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 мај, 2019 19:18

ВИДЕО: Адријан Гаџа го отвора најскапиот ресторан во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот албански пејач Адријан Гаџа реши да си ја проба среќата во угостителството. Имено станува збор за елитен ресторан, ново урбано место во Скопје, чиј сопственик ќе биде токму тој, објави 1ТВ.

Иако се уште е во градба Гаџа ветува дека локалот ќе се отвори наскоро.

Адријан Гаџа ја започна својата кариера во 2001 година на албанскиот музички фестивал „Нота фест“ каде ја освои првата награда. На овој фестивал за прв пат дебитант освојува прва награда од жирито и публиката. За кратко време, Адријан стана популарен пејач во Македонија, Албанија и Косово. До денес има снимено четири албуми, три на албански и еден на македонски јазик.

Пејачот за 1тв откри дека не сакал предвреме за јавноста да открива дека отвора ресторан, и дека сакал да ги изненади скопјани. Тој вели дека се уште не се знае точната сума на пари која ќе биде потребна за отворање на овој трговски центар, каде тој го има најголемиот простор, и решил да отвори елитен Ланџ бар. За името вели дека се уште не може да каже како ќе се вика местотот, бидејќи има повеќе на ум, и дека ќе остави на крајот кога се ќе биде речиси готово тогаш да се одлучи за името.

Јас сум пораснал со угостителство. Имавме ресторан многу познат, фактички два имавме, кои ги држеа моите родители и пораснат сум и со градење на ресторан но и долги години сум миел чаши, сум служел, така ми помина основното училиште, не само со музика и учење, вели Гаџа за 1ТВ. 

Гаџа открива дека се планира локалот да биде отворен во јули, како што вели во најтоплиот период, и како што вели се труди ресторанот да биде 3 во едно, односно кафитерија, ресторан и слаткарница. 

Погледете го просторот на новиот ресторан:

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.