Американскaта армија ги објави првите видео снимки од акцијата на американските војници, во која минатиот викенд беше убиен лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.
Снимките се објавени и на социјалните мрежи на Централната команда на американската армија (ЦЕНТКОМ).
Генерал Кенет Мекензи Јуниор, американски командант на прес конференција рече дека во тунелот загинале две деца на Багдади, не три како што претходно беше објавено.
Багдади, како што информираше американскиот претседате, Доналд Трамп во неделата, се самоубил со активирање на експлозивен елек, при што ги убил и неговите три деца.
Трамп денеска ќе им врачи Медал на честа на војниците кои ја спроведоа акцијата.
Во акцијата во северна Сирија учествуваа осум хеликоптери.
Посмртните останки на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади се погребани во море, исто како и Бин Ладен чие тело во 2011 година, беше спуштено во Северното Арапско Море од американскиот носач на авиони Карл Винсон.
Се уште нема информации за тоа кој американски воен брод бил користен за погребот, ниту во кое море е спуштено телото на лидерот на ИСИС, но официјални лица за Еј-Би-Си Њуз изјавиле дека постапката била слична на онаа што се користела при положување на телото на основачот на Ал Каида Осама бин Ладен.
Според исламската религија телото на починатите се погребува во земја, без ковчег, пред петдневниот период на молитви, но според неофицијалните информации на светските новински агенции САД не сакаа гробот на ал-Багдади да стане светилиште за терористите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.