Наместо Зеленски, американскиот претседател го повика на говорница Путин

Објавил: Калина Мартинска | 12 јули, 2024 12:46

ВИДЕО: Бајден го нарече претседателот на Украина – Путин, па се корегираше

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Американскиот претседател Џо Бајден на Самитот на НАТО со нов гаф, најавувајќи го неговиот украински колега, Володимир Зеленски како Путин.

„Сега сакам да му дадам збор на претседателот на Украина, кој има храброст, но и одлучност, дами и господа, претседателот Путин“, рече Бајден сакајќи да го најави Зеленски на говорницата.

По изговореното следуваше кратка тишина, а Зеленски не се помрдна и не знаеше како да реагира, бидејќи не очекуваше таков гаф.

По кажаното, настана краток молк, а Зеленски се замисли и не знаеше како да реагира бидејќи не очекуваше ваква грешка.

 

 

Но, за среќа, Бајден во следната секудна се корегираше и му даде збор на Зеленски и го покани да се качи на говорницата. Дали Бајден се поправи самиот или некој од неговите советници му кажа што направи, не е баш јасно, но тој набрзо рече: „Ќе го победиме претседателот Путин. Претседателот Зеленски. Толку сум фокусиран да го победам Путин“, рече Бајден, поправајќи се.

Зеленски одговори на грешката на Бајден: „Јас сум подобар (од Путин). Бајден му одговорил: „Пеколно си подобар“, додека некои во салата се смееле, пред Зеленски да го започне своето обраќање.

На Самитот на НАТО во Вашингтон присуствуваше и македонска владина делегација.

Мицкоски од Вашингтон: Македонија и регионот предолго беа заложници на минатото, времето на свиткани кичми заврши, време е да градиме иднина

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.