Во песната е опишано страдањето на Бог, Исус Христос и сите негови дејанија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 април, 2019 11:25

ВИДЕО: Бигорски манастир објави видео спот за Велики петок: Страдањата Христови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бигорскиот манастир, кој е еден од најстарите во Македонија, објави видео запис по повод големиот христијански празник Велигден. Во песната е опишано страдањето на Бог, Исус Христос и сите негови дејанија. Во продолжение може да ги проследите стиховите од песната:

Бигорски манастир Свети Јован Крстител се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во западна Македонија. Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI векманастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахотИларион кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор. Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.

Апостолот на љубовта, Јован, на светот му напиша нова историја. Историја не на страсти и смрт, но на вистински живот, велејќи: Бог толку во возљуби светот, што го даде својот единороден син, та секој што верува во него да не погине, но да има живот вечен.

Евангелските читања на Велики Петок го издигнуваат нашиот ум во свештено созерцание, да ги гледаме страшните искупителни дела на Синот Божји, кои како да ни се случуваат пред нашите очи. Божествената благодат му шепоти на секое Христијанско срце, дека ова не се настани од минатото, туку живо и вечно движечко дело за спасение на секоја човечка душа. Она што овде се пее не воведува во драмата на Страсната Седмица, но не како гледачи, туку како учесници во Божествените настани што го променија светот.

Спасение си извршил среде Земјата, Христе Боже, си ги раширил на Крстот Твоите пречисти раце, собирајќи ги сите народи кои викаат: Господи Слава Ти!

Трепери сето создание, гледајќи го својот Создател распнат. Занемено е пред тајната на љубовта Божја, пројавена низ оваа Негова најголема и доброволна искупителна жртва. Страшно е да се гледа Творецот на Небото и Земјата како виси на Крст, сонцето помрачено а денот пак, во ноќ претворен. Стоиме и ние, во свештен молк пред несватливото смирение на Христа, Богочовекот, кое Он до крај го исполнува, прифаќајќи смрт, и тоа смрт на Крст. Во недоумица и ние со Ариматеецот извикуваме: Ги величаме страдањата Твои, го песнословиме и погребението Твое…

Ете, вели Пресветата Мајка, мојата слатка светлина, надежта и животот мој благ, мојот Бог изгасна на Крстот, а гори и утробата моја… слатко мое чедо, слатка моја пролет, каде зајде Твојата убавина?

Јосиф и Никодим го симнуваат од Крстот, Божественото Тело и го полагаат на чиста плаштаница. Мајката со солзи ги измива раните од кои на светот му истече простување, а Мироносиците Го помазуваат со скапоцени мириси. Ангелските чинови пак, исплашени од преславното дело, започнуваат песна и ја подигаат кон славословие и плач, сета природа. И ние, луѓето, што се измиривме со Небото и Земјата преку овој подвиг на Искупителот, опфатени од чудна таговна радост, се придружуваме на нивното пеење, еднодушно извикувајќи:

Народите сите погребението ти Христе со песни го пеат!

Како ли, како ли, носен на раце свештенички, Христос во гроб се полага? Но зрачи неговиот заспан спокоен лик, кој како да вели: Ќе воскреснам и од овој мрачен гроб на сите живот ќе им источам.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Разговорот најверојатно се води некаде на отворено, а може да се слушне лидерот на СДСМ како објаснува дека тој ги исчистил сите луѓе на Бранко Црвенковски од СДСМ, а потоа објаснува колку капитал имал.

ДВЕ НОВИ МЕГА БОМБИ ЗА ЗАЕВ: Јас го земав СДСМ, Бранко нема никакво влијание! Имам капитал 8,5 милиони евра, се сам финансирам!

Денеска нови аудио мега бомби од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“...

Последниот кој бил повикан како граѓанин за добивање на информации бил Зоран Милески Кичеец кој вчера попладне со адвокат се одзвал на повикот во полициската станица Карпош.

Нови „бомби“ за Заев и Јанушев: Кичеец бил во полиција и потврдил дека гласот е негов

Нови бомби во оптек, но партиските лидери уште не добија покана за да дојдат во полиција...

Во оваа насока, професор Марковски потенцира дека доколку се развие вакцина пред пред 2022, тоа само ќе биде потврда на теориите на заговор дека со нејзиното производство е започнато пред да се појави болеста и пред да се прогласи пандемија со Ковид-19.

ВЕЛО МАРКОВСКИ: Вакцина против вирус не се прави за една година

Некој што веќе се изборил со корона вирусот, не може повторно да биде позитивен, смета...

Директорката на Кумановската болница двапати беше во самоизолација, еднаш на почетокот на кризата кога се врати од приватно патување, а вториот пат кога член на нејзиното семејство присуствуваше на партискиот состанок по што беше откриено дека директорката на УЈП Сања Лукаревска е позитивна, но резултатите беа негативни.

Директорката на кумановската болница позитивна на Ковид – 19

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи...