
Македонија
Вести
По прекрасната изведба на ,,Мојата Македонија”, Ајдин Османовиќ и неговиот професор Јасмин Брашњиќ со уште потешка задача.
Момчето од Босна и Херцеговина со бисерен глас ги освои симпатиите на Македонците, но и на сите љубители на музиката од Екс-Ју просторите. Сега Ајдин и Јасмин си поставија тешка задача, а тоа е изведбата на прекрасната македонска песна – „Заветна“.
– Заветна е песна која обединува. Тоа е парче музика за душата на Македонецот но и многу тешка за изведба песна. Се обидов да му ја објаснам ‘тежината’ на оваа песна на мојот Ајдин и за пеење и за нејзината суштина – вели учителот Брашњиќ.
– Сета тага, сета болка, сета љубов, но и завет на Македонците се раскажува низ само една песна – додава тој.
Оваа изведба иако само пред неколку денови веќе ги руши рекордите на слушаност ширум Балканот и светот. Инаку приказната на „бисерното грло“ младиот дванаесетгодишен Ајдин Османовиќ започна пред само една година кога тој и неговиот професор Јасмин Брашњиќ во нивниот музички кабинет наречен ,„кабинет на емоции“ ја испеаја нашата „Јано мори“ и го освоија Балканот.
Младиот Ајдин Османовиќ со неговиот професор беа во посета на Македонија во декември минатата година и беа гости на тогашниот претседател Стево Пендаровски.
Тие се многу гостољубиви и срдечни, многу горди на своето богато културно наследство. Топли и сакаат дружба, сакаат добра храна и кај нив сигурно ќе уживате и ќе јадете од најдоброто – вака професорот Јасмин Брашњиќ ја почнува приказната која стои запишана под изведбата на „Мојата Македонија“ на Ајдин Османовиќ.
– Вредни и посветени на работата, ја сакаат природата, се гордеат и уживаат во пејсажите на својата земја, со радост ќе ве запознаат со убавините на преубавата Македонија, додава професорот. А за музиката во Македонија? – професорот Брашњиќ ќе ви рече – „Е тука се единствени во светот. Го засакаа нашиот Ајдин како да е дел од нив. Песната Мојата Македонија ја обработивме на свој начи за сите наши пријатели“, вели Брашњиќ.
А нам по овие зборови и описи на Македонија и Македонците, не ни останува ништо друго освен да уживаме во бисерното грло на Ајдин Османовиќ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.