Музиката и е нејзината прва љубов, згодна е сексипилна и музичка душа.

Објавил: Македонка Димкин | 15 јуни, 2018 20:43

(ВИДЕО) Битолчанката Александра ја воодушеви публиката

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Скопје 14. Јуни 2018 / Македонска Филхармонија

Синоќа под мотото звукот за идните генерации се одржа концерт на солисти при Македонска Филхармонија во Скопје.

Посебни овации освои младата битолчанка Александра. Таа го изведе Serge Koussevitzky –  Концерт за контрабас и оркестар оп 3. 1 став

Музичкото образование го започнува и завршува во ДСМУ во Битола во класата на професорот м–р Никола Баљаревски. Сандра моментално е студент на ФМУ во Скопје во класата на проф. мр Александар Поп Христов.

Александра Чуруковска е родена во 1995 г. во Битола Република Македонија

За време  на нејзиното образование има учествувано на многу концерти и фестивали, државни како и меѓународни натпревари.

Во летото во 2013 беше и учесник во летниот камп na Interlochen – во Мичиген а минатата година учествуваше со младинскиот симфониски оркестар на Маестро Igor Cоretti од Италија.

Александра ги собра и сите награди на државниот натпревар во Скопје во 2012/2013/2017 година.

Во слободното време, таа обожава да вози велосипед, да чита книги и да слуша музика.

Во прилог можете да го погледнете нејзиниот солистички настап

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Белград ќе биде центар за добра забава, а некој од најпознатите српски пејачи токму тука ќе настапат за новогодишната ноќ.

Чолиќ и Мерлин по 100.000 евра, Цеца ќе пее за 80.000 за Нова Година: Еве колку ќе заработат останатите пејачи за новогодишната ноќ

Повеќето од српските пејачи нема да одмараат за новогодишната ноќ, туку ќе настапат...

Концертот ќе започне во 20. 30 часот со настапот на домашните пејачи: Нино Величковски, Маргица Антевска, Сандра Милковска, како и гостите од Србија, дувачкиот оркестар на Бојан Ристиќ.

ЛЕПА БРЕНА ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Вечерва ќе пее на Градскиот плоштад во Куманово!

Српската звезда Лепа Брена вечерва ќе одржи концерт на Градскиот плоштад, по повод...

На плоштадот Македонија планирано е заедно со основачот на групата, Горан Бреговиќ, да дојдат и поранешните пејачи на бендот – Жељко Бебек, Тифа Војиќ и Ален Исламовиќ.

„Бјело дугме“ со бесплатен концерт за 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје

На 17- ти ноември, Скопје ќе го слави Денот на ослободувањето на градот со концерт на...