„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај името на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, организацијата која го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград
Причината за затворањето на здружението регистрирано во 2019 година е процесот кој уште истата година го почнува тамошното обвинтелство, но сега добива правна разврска!
Уште не се средија впечатоците од Благоевград, а граѓанското здружение што го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Бугарија заминува во ликвидација.
Уште не се средија впечатоците од Благоевград, а граѓанското здружение што го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Бугарија заминува во ликвидација.
„Јас не знаев, сега станав свесен дека нашето здружение е укинато, вели Атанас Мазнев, основач на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.
Одлуката е правосилна од првата половина на месецов, а основата е случај отворен од јавното обвинителство во Благоевград со тврдење дека целите на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, регистрирано во 2019 година, се спротивни на бугарските Устав и закони.
Независно од судските одлуки, градоначалникот на Благоевград вели дека отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ било приватен чин. Kога ќе се отвора државен Културно-информативен центар…
„Со сигурност, кога ќе биде официјален клуб ,би присуствувал и ќе присуствувам.“ вели градоначалникот Илко Стојанов.
Дел од гостите само се заблагодарија за поканата, а дел ја искористија можноста да кажат дека дошле за поддршка.
„Се надевам дека во иднина она што е нормално, да се отвораат клубови кои ќе поврзуваат, а ние имаме многу со бугарскиот народ и дека вакви ликови коишто не поврзуваат ќе бидат имиња и на бугарските клубови во Македонија, а не како сега да ги сфаќаме како провокација.“ изјави Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.
На улицата пред клубот тешко можеше да се разликува кој е дојден за поддршка, а кој за провокација. Отспротива, без присутни помал број поддржувачи на бугарската ВМРО-БНД. Меѓу новинарите, пак, се појави човек што се претстави како наследник на Вапцаров и се обиде да му подари книга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
„Тука се е напишано, особено на последната страница си е напишано, тоа е ракопис на Никола Вапцаров каде што пишува кој е, што е.
–Ќе ви дадам јас една книга од нашата македонска историја што ја напишал Никола Јонков Впацаров за Македонија и неговиот македонски иднетитет. Следниот пат ви ветувам ќе ви дадам книга“, објаснуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.